Свет
Убиени 13 герилци во Колумбија

Изминатиот викенд во акција на специјалните сили во Колумбија биле убиени 13 герилци, припадници на левичарското движење
Изминатиот викенд во акција на специјалните сили во Колумбија биле убиени 13 герилци, припадници на левичарското движење Ревулуционерни вооружени сили на Колумбија (Фарк).
Членовите на ова движење веќе четири децении се борат против владата, а како што соопштиле полициски извори во акцијата е елиминирана група осомничена дека криумчари дрога и која служела како логистика за герилците што се кријат во џунглите.
Во друг напад на југот на земјата истотака биле убиени шест припадници на марксистичката герила.
Движењето ФАРК што дејствува во јужните и источните делови на Колумбија е формирано во 1964 година и се проценува дека брои помеѓу 6.000 и 10.000 борци./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа: Се надеваме на директни преговори меѓу Русија и Украина следната недела

Белта куќа изрази надеж дека Русија и Украина ќе се сретнат следната недела во Истанбул и ќе продолжат со директни преговори со цел да се постигне напредок кон завршување на војната, пренесува агенцијата „Анадолија“.
„Колку што јас разбирам, а на тоа и се надеваме, дека Русија и Украина ќе учествуваат во директни разговори и преговори следната недела во Истанбул. Веруваме дека тој состанок ќе се одржи, а тоа е состанок што претседателот го поддржа и силно го застапуваше за двете страни да се сретнат и директно да преговараат“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа додаде дека американскиот претседател, Доналд Трамп, од почетокот на војната јасно ставил до знаење дека сака решение на преговарачка маса, а не на бојното поле: „Тоа им го кажа и на двајцата лидери, и јавно и приватно. Значи, се надеваме дека следната недела ќе направиме чекор напред.“
Левит додаде дека нема планови претседателот да испрати американски претставник на преговорите, но не ја исклучи таа можност.
Втората рунда директни преговори меѓу Русија и Украина е предложена за 2 јуни во Истанбул, откако двете страни се сретнаа на 16 мај. Тогаш, меѓу другото, се договорија за размена на заробеници и за подготовка на нацрт-документи за понатамошни мировни чекори.
Додека Русија најавува дека ќе го претстави нацрт-документот на преговорите, Украина бара да го добие однапред, пред самата средба.
Кремљ го оцени ставот на Украина како неконструктивен.
Свет
Драма на најпрометниот аеродром во Лондон: луѓето во паника поради сомнителен пакет

Еден од терминалите на аеродромот Хитроу беше евакуиран поради „соменителен пакет“, оставајќи илјадници патници во неизвесност.
Патниците беа евакуирани од Терминалот 3 на најпрометниот британски аеродром по дојава за сомнителен предмет во зградата.
Метрополитенската полиција претходно соопшти дека е на терен и дека се справува со ситуацијата.
Портпарол на полицијата изјави за „Д Сан“: „Станува збор за сомнителен пакет и сме на лице место, постапуваме.“
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа и фотографии од луѓе кои сведочат дека биле евакуирани поради безбедносната закана.
Сепак, полицијата подоцна потврди дека станувало збор за „лажна тревога“ и дека повеќе нема закана.
Возовите на „Хитроу експрес“ исто така беа погодени од вонредната состојба – операторот објави на социјалните мрежи дека има доцнења на некои од нивните услуги.
Сè уште не е потврдено дали ќе има доцнења и кај летовите поради евакуацијата.
„Попладнево, нашите тимови реагираа на потенцијално сомнителен предмет во Терминал 3. Како претпазливост, еден мал дел од терминалот беше привремено евакуиран додека надлежните органи ги извршија потребните проверки. Проблемот сега е безбедно решен. Им се извинуваме на патниците за предизвиканата непријатност.“, беше соопштено.
Свет
Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да запре авионот

Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да се изгаси знакот за сигурносен појас по слетувањето, соопшти турската Агенција за цивилно воздухопловство, а пренесува Би-Би-Си.
Агенцијата наведува дека паричните казни се воведени поради поплаките од патници. Новите правила стапија на сила порано овој месец.
Агенцијата предупреди дека е забележано сериозно зголемување на ваквите инциденти, при што многу поплаки се однесуваат на патници кои земаат рачен багаж од преградите над седиштата пред целосното запирање на авионот.
Десетици милиони туристи секоја година ја посетуваат Турција. Воздухопловната агенција соопшти дека комерцијалните авиокомпании сега мора да ги информираат патниците за новите правила за време на летот и да ги пријават оние кои нема да ги почитуваат. Патниците мора да бидат информирани дека не смеат да ги одврзуваат појасите, да стануваат од седиштата и да ги отвораат преградите за багаж пред да се изгаси знакот за сигурносен појас.