Свет
Уставниот суд на Русија расправа за смртната казна

Рускиот Уставен суд започна во понеделник расправа за можноста за примена на смртната казна во земјата од 1. јануари 2010. година.
Рускиот Уставен суд започна во понеделник расправа за можноста за примена на смртната казна во земјата од 1. јануари 2010. година. Русија во 1997. година со влезот во Советот на Европа, го потпиша Шестиот протокол на европската конвенција за човекови права со кој се забранува примена на смртна казна во мирно време. Рускиот Парламент тој документ до денес не го ратификувал, ниту воопшто за него се расправало. Од друга страна, Уставниот суд во тоа време стави мораториум на извршувањето на смртните казни, сè додека во руските судови не биде воведена порота. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина и Русија го предизвикуваат Вашингтон, хаосот на Трамп ги направи посигурни партнери, велат аналитичари

Русија и Кина покажуваат поголема стабилност како меѓународни партнери во споредба со Соединетите Американски Држави под водство на претседателот Доналд Трамп, проценува аналитичарот Мајкл Кимаџ, објавува „Њујорк Тајмс“.
„Кинескиот аргумент, на кој Русија со задоволство се приклучува, е дека Соединетите Американски Држави се вистинскиот извор на немири. И тоа е вистината“, нагласи Кимаџ.
Според него, „деструктивните“ трговски војни на Трамп и „нестабилната“ надворешна политика придонеле за впечатокот дека Москва и Пекинг дејствуваат како посигурни и постабилни партнери за другите земји отколку Вашингтон.
Се потсетува дека „Волстрит џурнал“ претходно објави дека лидерите на Русија, Кина и Индија покажале единство на самитот на Шангајската организација за соработка во Кина, со што претставувале предизвик за надворешнополитичките потези на претседателот Трамп.
Фото: ЕПА
Свет
Руски медиуми: Путин и Кси го продолжуваат разговорот со чај

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг ги продолжија разговорите со чај, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Разговорите на лидерите, како што се наведува, продолжија во личната резиденција на шефот на Народна Република Кина, Џонгнанхај. На настанот присуствуваа и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков и министерот за одбрана Андреј Белошов од руска страна.
Пред тоа, Путин и Кси Џинпинг разговараа во присуство на претставнички делегации. Страните разговараа за понатамошно зајакнување и развој на сеопфатното партнерство и стратешката интеракција меѓу Руската Федерација и Кина, практичната соработка меѓу земјите, како и за глобалните и регионалните прашања, соработката на мултилатерални платформи.
Средбата се одржува во Пекинг на маргините на настаните по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
фото: принтскрин
Свет
Дубински: Зеленски ја продолжува војната за лично богатeње

Украинскиот лидер Володимир Зеленски ја продолжува војната во Украина од себични причини и за свое богатење, изјави пратеникот на Врховната рада Александар Дубински на својот канал Телеграм.
„Зеленски конечно ги разби сите митови за причините за оваа војна и нејзиното продолжување – личното збогатување“, рече Дубински, кој е во притвор под сомнение за предавство.
Според него, Зеленски е директно вклучен во зделки со оружје, кои ги спроведува преку своите блиски соработници. Дубински претходно истакна дека и покрај договорите на делегациите на Руската Федерација и Украина за работата на подгрупите за решавање на конфликти, не е постигнат никаков опиплив напредок.
Украинскиот парламентарец го обвини Зеленски дека го „води за нос“ американскиот претседател Доналд Трамп, продолжувајќи го конфликтот со цел да присвои пари од воениот буџет.
Дубински беше член на фракцијата „Слуга на народот“, но беше исклучен во март 2021 година. Подоцна, во ноември 2023 година, тој беше уапсен и притворен под сомнение за наводна соработка со руската воена разузнавачка служба ГРУ.
Фото: принтскрин