Свет
Комеморација за жртвите во Форт Худ

Комеморација во чест на жртвите на масовното убиство во воената база Форт Худ во Тексас ќе се одржи денеска, во присуство на американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел.Воениот психијатар со чин мајор Нидал хасан (39), минатиот четврток во убиствен поход во центарот за
Комеморација во чест на жртвите на масовното убиство во воената база Форт Худ во Тексас ќе се одржи денеска, во присуство на американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел.Воениот психијатар со чин мајор Нидал хасан (39), минатиот четврток во убиствен поход во центарот за обука во Форт Худ усмрти 13 лица, а рани 38.Истражителите на ФБИ ја испитуваат можната поврзаност меѓу извршителот на масакрот и радикалниот имам Анвар ал Аулаги, роден во САД, кој стана главен заговорник на Ал Каеда, откако во 2002 година се пресели во Јемен.Хасан преживеа, и покрај четирите прострелни рани, и се опоравува во болница во Сан Антонио. Најновите ТВ извештаи говорат дека Хасан е контактибилен и комуницира со медицинскиот персонал, но, не е познато дали соработува со истражителите./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници