Свет
Над 10,000 убиства во децениските судири во Бразил

Повеќе од 10,000 лица се убиени во Рио де Женеиро во последните 11 години во судири со полицијата.Локалните медиуми пренесуваат дека од јануари 1998 до септември 2009 година, вкупно 10,216 лица биле убиени во судирите со полицијата, во повеќето случаи додека силите на редот
Повеќе од 10,000 лица се убиени во Рио де Женеиро во последните 11 години во судири со полицијата.Локалните медиуми пренесуваат дека од јануари 1998 до септември 2009 година, вкупно 10,216 лица биле убиени во судирите со полицијата, во повеќето случаи додека силите на редот се обидувале да приведат осомничени за шверц на дрога.Ваквиот вид на насилство почна уште за време на воената диктатура од 1964 до 1985 година, пишуваат истите извори, додавајќи дека тогашниот гувернер за тоа ги наградувал полицајците./крај/онаса/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници