Свет
Можно спојување на Бритиш Ервејз со шпанската Иберија

Раководството на британската авиокомпанија Бритиш Ервејз, која се наоѓа во криза, ја разгледува можноста за спојување со шпанската Иберија.
Раководството на британската авиокомпанија Бритиш Ервејз, која се наоѓа во криза, ја разгледува можноста за спојување со шпанската Иберија.
Соопштението од Бритиш Ервејз уследи откако акцијата на компанијата забележа силен пораст од седум отсто, по објавените шпекулации дека веќе е постигнат договор за спојување со шпанскиот авиопревозник.
Двете компании започна преговори за спојување пред неколку месеци, поттикнати од значително намалениот број на патници.
Според добро упатени извори, потешкотии во преговорите излегле поради минусот во пензискиот фонд на Бритиш Ервејз, како и поради предложената структура на новата компанија. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нова средба меѓу Русија и Америка

Руска делегација пристигна во Истанбул на преговори со американски претставници. Ова е втора средба во живо меѓу американски и руски претставници откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина пред три години. Првата се одржа неодамна во Ријад без учество на претставници на Украина и ЕУ, што предизвика гласни критики од двете страни.
Како што јави Би-би-си, целта на средбата во Истанбул е да се решат несогласувањата во врска со работата на нивните амбасади во Вашингтон и Москва. Оваа средба доаѓа откако турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција ќе одигра „важна улога“ во завршувањето на војната во Украина.
Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во 2022 година, Турција се обидува да ја преземе улогата на посредник, одржувајќи блиски врски со двете страни – Украина и Русија.
Свет
Трите најголеми австриски центристички партии се договорија за владејачка коалиција

Трите најголеми австриски центристички партии во парламентот постигнаа договор за формирање коалициска влада без крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) и планираат да го претстават подоцна денеска, пет месеци откако ФПО победи на последните парламентарни избори.
Конзервативната Народна партија (ОВП), Социјалдемократите (СПО) и либералниот Неос соопштија дека нивната заедничка владина програма ќе ја објават на прес-конференција.
Лидерите на трите партии веќе изразија уверување во саботата за постигнување договор за формирање коалициска влада без десничарските популисти. Со овој договор Австрија би добила влада по најдолгиот период на чекање од Втората светска војна.
Партијата на слободата (ФПО) победи на парламентарните избори во септември со околу 29 отсто од гласовите, но во јануари доби мандат од претседателот да формира коалициска влада, откако првиот обид на ОВП, СЈО и Неос не успеа.
Обидите за формирање на оваа трипартиска коалиција беа обновени откако и обидот на ФПО пропадна.
Европа
Шест деца уапсени откога беше застрелан 11-годишник во Ротердам: неговата состојба сè уште е сериозна

Полицијата во холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници откога 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува „Телеграф“.
Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.
По истрагата, малолетниците станале осомничени, а некои од нив ѝ се предале на полицијата, пишува „Телеграф“. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. „Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.
Сите малолетници што беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува „Телеграф“.
Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството сè уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба сè уште е сериозна.