Свет
Двојно помала доза за вакцинирање од свински грип

Швајцарската фармацевтска компанија Новартис соопшти во среда дека двојно помала доза на вакцината против свински грип би можело да биде доволна за заштита на луѓето. Со ова сознание, утврдено од страна на американските клинички истражувања, се овозможува…
Швајцарската фармацевтска компанија Новартис соопшти во среда дека двојно помала доза на вакцината против свински грип би можело да биде доволна за заштита на луѓето. Со ова сознание, утврдено од страна на американските клинички истражувања, се овозможува со актуелните залихи да бидат вакцинирани многу повеќе луѓе. Испитувањата на околу 4.000 луѓе покажаа дека половина од актуелната доза на вакцината Флувирин, која се користи во САД, овозможува заштита на возрасните, соопшти Новартис. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп ги продолжи американските санкции против Русија за уште една година

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го продолжува рокот на американските санкции против Русија за една година.
Ограничувањата беа воведувани постепено започнувајќи од претседателот Барак Обама во 2014 година, па неговиот наследник Доналд Трамп во 2018 година и следниот претседател на САД, Џо Бајден, во 2022 година.
На денешниот брифинг за новинарите во Белата куќа Трамп рече дека „дејствата и политиките споменати во овие укази и понатаму претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.
Првично, санкциите што ги продолжи Трамп беа воведени како одговор на дејствијата на Русија во Украина во 2014 година. Во наредните години, ограничувањата беа проширувани, опфаќајќи сè повеќе лица и организации кои ја поддржуваа руската политика во регионот. Администрацијата на Трамп во 2018 година воведе нови санкции како дел од заострувањето на притисокот врз Москва, а по почетокот на руската сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година, претседателот Бајден дополнително го прошири списокот на санкции.
Свет
Трудо: Канада ќе има брз и силен одговор доколку САД воведат санкции

Канада ќе одговори брзо и исклучително силно доколку САД воведат царини за канадски стоки следниот вторник, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.
Тој, сепак, додаде дека Канада не сака трговска војна со својот сосед, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека неговите предложени царини од 25 отсто за мексиканската и канадската стока ќе стапат на сила на 4 март заедно со дополнителни 10 отсто царини за кинескиот увоз бидејќи смртоносните лекови сè уште се влеваат во САД од тие земји.
Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека новите царини за кинескиот увоз ќе се надополнат на царината од 10 отсто што ја воведе на 4 февруари поради кризата со фентанил, што ќе резултира со кумулативна царина од 20 отсто.
„Не можеме да дозволиме ова зло да продолжи да им наштетува на САД и затоа, додека не престане или сериозно не се ограничи, предложените царини планирани да стапат на сила на 4 март, навистина, ќе стапат на сила, како што е предвидено“, додаде Трамп. „На Кина, исто така, ќе ѝ се наплаќа дополнителна царина од 10% на тој датум“.
Трамп им рече на новинарите дека одлучил да ги додаде дополнителните царини за Кина и да се придржува до крајниот рок во вторник за Канада и Мексико, со оглед на тоа што неговата администрација го гледа како недоволен напредок во ограничувањето на приливот на фентанил во земјата.
Свет
„Храброста на едно дете ги спаси другите заробени во Брчко“: децата не знаеле ниту каде се наоѓаат

Запуштени и сместени во куќа на периферијата на Брчко, имало 31 дете, претежно девојчиња. Многу од децата не ни знаеле каде се, ниту каде се нивните родители, вели извор за N1 Сараево. Уапсени се осум лица, а што планирале осомничените со децата е прашање што ја вознемирува пошироката јавност во БиХ, но и во Хрватска, бидејќи кај некои од децата биле пронајдени пасоши од таа земја. Децата ги спасила чиста среќа и храброста на едното дете, кое успеало да излезе од куќата и ги спасило сите останати.
Еден од родителите, наводно, вчера дошол да си ги земе децата и рекол дека живее во Бања Лука, а неговата сопруга е во Хрватска. Децата кои се хрватски државјани не се на списокот на исчезнати деца, а нивните родители се уапсени.
Обвинителството на округот Брчко на БиХ издаде соопштение во врска со куќата на ужасите во која беа пронајдени вкупно 31 дете. Во соопштението се наведува дека окружната полиција Брчко на БиХ денеска во просториите на Окружното обвинителство Брчко на БиХ донела вкупно осум (8) лица кои во претходните два дена биле лишени од слобода.
Во текот на денот, в.д. обвинител сослуша три лица кои на 25.02.2025 година беа лишени од слобода, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со деца“ од чл.207б и кривично дело „Напуштање или злоупотреба на дете“ од чл на БиХ.