Свет
Билт за директни преговори за името
Најсигурен пат за решавање на спорот со името е премиерите на Грција и на Македонија Јоргос Папандреу и Никола Груевски да седнат на иста маса, смета претседавачот со Европската унија Карл Билт
Најсигурен пат за решавање на спорот со името е премиерите на Грција и на Македонија Јоргос Папандреу и Никола Груевски да седнат на иста маса, смета претседавачот со Европската унија Карл Билт.
По вчерашните оптимистички пораки дека спорот за името е решлив, шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, во ексклузивна изјава за Дојче веле им сугерира на Јоргос Папандреу и Никола Груевски да влезат во директни преговори за да му стават крај на спорот кој 18 години ги отежнува билатералните односи на Грција и на Македонија.
“Мислам дека е важно двајцата премиери да разговараат директно а потоа потребната техничка поддршка ќе ја обезбеди медијаторот на Обединетите нации, но пред се‘ мислам дека суштински е директниот политички дијалог помеѓу Скопје и Атина“, вели Карл Билт.
Запрашан зошто е толкав оптимист по ова прашање, шведскиот министер и претседавач со Европската унија во моментов објаснува дека решението лежи пред се‘ во политичката волја.
“Сум видел дека големи работи можат да се постигнат со политичка волја. Јас гледам прилика за решавање на проблемот, која треба да се искористи. Ова е ситуација во која нема да има поразени за двете земји и за регионот и искрено се надевам дека политичките лидери ќе ја искористат. Одложувањето на овој проблем ќе биде на штета на двете држави, нема сомнеж, и двете страни ќе би страдале од тоа“, вели Карл Билт.
На иста линија е и еврокомесарот Оли Рен, кој во овој период исто така гледа одлична прилика за отстранување на проблемот.“Според мене, ова е реална прилика, која сега треба да се капитализира за да се реши проблемот и да се симне од дневен ред“, рече Рен, јави радио Дојче Веле на македонски јазик /крај/д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

