Свет
Кривични за Бучковски и за Манасиевски
Премиерот Владо Бучковски и министерот за одбрана Јован Манасиевски заработија кривична пријава од Здружението на граѓани за почитување на прописите со седиште во Битола.
БИТОЛА
Премиерот Владо Бучковски и министерот за одбрана Јован Манасиевски заработија кривична пријава од Здружението на граѓани за почитување на прописите со седиште во Битола. Тие се товарат за недомаќинско трошење на парите од граѓаните зашто четири години дозволиле да се образоваат 90 питомци на Воената академија во Скопје, без претходна стратегија дали тие кадри и се потребни на државата.
– Според наши проценки, државата непотребно потрошила 120 милиони денари – обвини претседателот на Здружението Васко Костоски. Тој додаде дека е поднесена иницијатива до антикорупциската комисија за проверка кој ги добивал тендерите за набавка на храна, облека, муниција и на се друго што им било потребно на питомците во изминатите четири години.
Со реформите што се спроведуваат во војската како технолошки вишок ќе заврши дел од вработените, што значи нема место за нови кадри. Во Здружението за почитување на прописите страхуваат дека сегашните питомци се едуцираат непотребно, со што државата ќе загуби уште 120 милиони денари. (Ж.З.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

