Свет
Александар Верушевски се вратил од Црна Гора
Александар Верушевски, проблематичниот син на разузнавачот Верушевски, вчера се вратил во Скопје по дваесетина дена поминати во Игало, Црна Гора, каде што ја лечел десната нога.
Александар Верушевски, проблематичниот син на разузнавачот Верушевски, вчера се вратил во Скопје по дваесетина дена поминати во Игало, Црна Гора, каде што ја лечел десната нога.
Претседателот на вториот скопски суд, Бојан Ефтимов, пак, кој му го даде привремениот пасош, својот одговор на обвинувањата упатени на негова адреса го испратил до Врховниот суд.
Официјално МВР одби да потврди или да демантира дали Александар Верушевски се вратил, затоа што тоа било приватна информација.
Дане Илиев, претседател на Врховниот суд потврди дека добиле одговор од Ефтимов, но нагласи дека ќе треба најмалку една недела за да се утврди дали имало прекршување на законите.
– Документот е стигнат кај нашите служби. Јас се уште не сум го видел. Прво ќе треба да се изработи реферат, па да се определат судии за случајот. Дури потоа ќе расправаме на седница, по што ќе донесеме одлука. Процедурата не оди толку брзо, ќе ни треба најмалку една недела – изјави Илиев. Врховниот суд води истрага откако судијката Василка Божиновска, која го осуди Верушевски како малолетник, реагирала затоа што Ефтимов дал наредба до МВР, привремено да му го вратат пасошот за тој да ја лечи ногата во Игало, без нејзина согласност. Божиновска, која како и Ефтимов е судија со над 30 години стаж, им посочила на врховните судии дека биле прекршени законите за кривична постапка, за извршување санкции и за патни исправи.
Во случајот е вклучен и Републичкиот судски совет. Оттаму веќе побарале објаснување од Ефтимов, но вчера не го добиле.
– Требаше и ние да го добиеме одговорот на колегата Ефтимов, истовремено со Врховниот суд, но не го добивме. Не знам зошто – вели Абдуселам Канзовски, судија-член на РСС. А. Д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

