Свет
Службеник на УНИЦЕФ убиен на Филипините
Филипинец, вработен во Фондот на Обединетите нации за деца, бил застрелан во четврток во јужниот дел на Филипините.
Филипинец, вработен во Фондот на Обединетите нации за деца, бил застрелан во четврток во јужниот дел на Филипините.
Како што соопшти УНИЦЕФ, Нестор Булхан бил застрелан во близина на местото каде во понеделникот беа убиени најмалку 57 лица.
Од канцеларијата на УНИЦЕФ на Филипините изјавиле дека за време на убиството вработениот не бил на должност, а бил застрелан додека со такси одел на приватна средба
Убиството е извршено во провинцијата Магинданао, каде во понеделникот група вооружени лица киднапираа, а потоа убија најмалку 57 лица, меѓу кои политичари и новинари.
Главниот осомничен за масовните убиства на Филипините вчера им се предаде на властите. Андал Ампатуан Џуниор, градоначалник на општина и син на гувернерот на провинцијата кој е близок со претседателката Глориа Аројао.
Филипинските власти претпоставуваат дека извршителите на убиствата се членови на паравоените клановски милиции кои се под контрола на Андал Ампатуан помладиот.
Вооружени напаѓачи во понеделникот киднапираа и убија најмалку 57 лица за да ја спречат сопругата на еден политичар да ја поднесе неговата кандидатура за гувернер на провинцијата Магинданао на претстојните локални избори. /крај/форум/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица
Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор, по вооружениот напад во Цетиње во кој загинаа 13 лица.
Podgorica koju volim(o). pic.twitter.com/vfLd0RW1vA
— Milan Jovanović (@imilanjovanovic) January 16, 2025
Протестот, втор по масакрот во Цетиње, го организира неформалната студентска група „Камо сутра“, а покрај барањата за оставки од министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот задолжен за безбедност Алекса Бечиќ, тие исто така бараат поажуриран пристап кон поседувањето оружје, реформа на полициските структури, враќање на граѓанското образование и подобрување на институционалниот пристап до грижа за менталното здравје.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Демонстрантите извикуваа „убијци“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Оставка е минимална одговорност“, „Нормален живот? и слично.
Протестите претходно беа поддржани од стотици универзитетски професори, културни и спортски работници и новинари.
Podgorica ✨️ pic.twitter.com/mNIFsAkV2M
— Kaća Ivanović 🇲🇪 (@Kaca__Ivanovic) January 16, 2025
Откако ги изнесоа своите барања пред Министерството за внатрешни работи, демонстрантите се упатија кон зградата на црногорската влада каде повикаа на 13-минутно молчење за да оддадат на 13-те жртви во трагедијата во Цетиње.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Ацо Мартиновиќ од Цетиње на 1 јануари уби 12 лица, меѓу кои две деца, а тешко повреди четири лица, од кои едното подоцна почина во болница.
Свет
Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа, додавајќи дека подоцна денеска е закажан состанок на кабинетот за безбедност.
„Преговарачкиот тим го информираше премиерот Бенјамин Нетанјаху дека се постигнати договори за ослободување на заложниците“, се вели во соопштението на неговиот кабинет.
Кабинетот на премиерот во четвртокот го обвини Хамас дека се откажал од клучните точки од договорот за да извлече отстапки во последен момент, тврдење кое Хамас го негираше.
„Премиерот нареди политичкиот и безбедносниот кабинет да се состанат (во петок). Владата потоа ќе се состане за да го одобри договорот“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
Тој додаде дека се известени семејствата на заложниците и се прават подготовки за пречек.
Доколку биде одобрен од израелската влада, договорот за прекин на огнот ќе започне во недела и ќе вклучува размена на израелски заложници за палестински затвореници. Условите за траен прекин на борбите ќе бидат финализирани во подоцнежна фаза.
Договорот беше објавен во средата од посредниците Катар и САД.
Свет
Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 луѓе
Истражителите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Jeju Air што се урна во Јужна Кореја на 29 декември, изјави за Ројтерс лице запознаено со истрагата.
Боингот 737-800, кој полета од главниот град на Тајланд Бангкок за округот Муан во југозападна Јужна Кореја, се излизга од пистата на регионалниот аеродром, при што се запали откако удри во бетонска конструкција.
Вкупно 179 луѓе загинаа во најтешката воздушна несреќа на јужнокорејска територија. Преживеале само двајца членови на екипажот во опашката на авионот.
Пилотите ѝ кажале на контролата на летање дека авионот претрпел удар од птица и прогласиле тревога четири минути пред да се урне.
Две минути пред да биде објавен повикот за помош, контролата на летање повика на претпазливост поради „активноста на птиците“ во областа.
Инспекторите на почетокот на овој месец соопштија дека во еден од моторите на местото на несреќата биле пронајдени пердуви, додавајќи дека на видео снимката се гледа како птица удира во моторот.
Министерството за транспорт на Јужна Кореја одби да коментира дали во двата мотори се пронајдени пердуви и крв.