Свет
Обама најави дополнителни 30.000 војници во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама објави упатување на дополнителни 30 илјади војници во Авганистан, заедно со плановите за повлекување на засилувањето за 18 месеци
Американскиот претседател Барак Обама објави упатување на дополнителни 30 илјади војници во Авганистан, заедно со плановите за повлекување на засилувањето за 18 месеци.
Во говорот за воената стратегија во Авганистан, синоќа во воената академија Вест Поинт, Обама се обиде да ја увери скептичната американска јавност дека неговата нова стратегија може да доведе до пресврт во Авганистан и успешно завршување на војната.
„Дополнителни 30 илјади војници ќе бидат разместени во првата половина на 2010 година со најбрзо можно темпо, за да можат веднаш да се борат против бунтовниците и да ги обезбедат клучните населени центри“, рече Обама во говорот, што директно го пренесуваат националните ТВ мрежи во САД.
Обама нагласи дека праќањето на засилување во Авганистан е американски национален интерес, бидејќи таму е епицентарот на насилниот екстремизам на Ал Каида.
„Од таму бевме нападнати 11 септември 2001 година и таму се планираат нови напади, додека ова ви го зборувам„, нагласи Обама, додавајќи дека повлекувањето на дополнителните сили е планирано од средината на 2011 година.
Бројот на американските војници во Авганистан со дополнителните 30 илјади ќе се искачи на над 90 илјади, а НАТО и другите држави таму имаат распоредено 40 илјади војници.
Според дипломатски извори Обама побарал од земјите членки на НАТО да упатат уште пет до десет илјади војници во Авганистан.
Во текот на осумте години војна во Авганистан, според податоците на Пентагон, се убиени 849 американски војници, а ранети се 2.700./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски му одговори на сенаторот Греам: Само народот на Украина одлучува за мојата оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека единствено украинскиот народ може да одлучи за неговата оставка. Неговата реакција дојде по изјавата на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој повика на негово повлекување.
„Не знам дали сенаторот Греам ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука“, истакна Зеленски. Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата расправија со поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Греам изјави дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого со кого ќе можеме да работиме, или треба да биде сменет“.
Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски, а истото го сторија и украинската армија и граѓаните.
Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, вечерва изјави дека војниците на земјата го поддржуваат претседателот.
„Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант. Нашата сила е во единството“, напиша Сирски на социјалните мрежи, откако Зеленски ја напушти Белата куќа без постигнат договор со САД, а Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот.
Сирски додаде: „Продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“.
Поддршка за Зеленски изрази и премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на „Икс“ објави: „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“.
Украинскиот вицепремиер Михаил Федоров, пак, напиша: „Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ, кој ја плати својата слобода со својата крв“.
И украинските граѓани на интернет му изразија поддршка на Зеленски.
Свет
Захарова: Чудо е што Трамп и Венс се воздржаа да не го удрат гадот Зеленски

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова ја коментираше средбата меѓу Трамп и Зеленски, која ненадејно беше прекината по расправија.
Захарова рече дека е чудо што Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс успеале да се воздржат од удирање на Зеленски за време на дебатата.
Захарова оцени дека американскиот претседател и потпретседател покажале „воздржаност“ во лицето на „гадот“ Зеленски за време на нивната вербална пресметка во Белата куќа.
„Мислам дека најголемата лага на Зеленски, од сите негови лаги, е неговата изјава во Белата куќа дека во режимот во Киев бил сам во 2022 година, без поддршка. Начинот на кој Трамп и Венс се воздржале и не му удриле шамар н покажува неверојатна воздржаност“, напиша таа.
Свет
Пристигна првата реакција на Зеленски: Ти благодарам Америка, ти благодарам Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се вклучи на мрежата Х откако неговата посета на американскиот претседател Доналд Трамп се претвори во фијаско.
„Ви благодариме Америка, ви благодарам за поддршката, ви благодарам за оваа посета. Му благодариме на претседателот на Соединетите држави, Конгресот и американскиот народ.
„На Украина и треба праведен и траен мир и ние работиме на тоа во моментов“, рече Зеленски.
Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа беше прекината.