Контакт

Свет

Друцас – Грција ќе ги блокира преговорите Македонија-ЕУ поради името

Објавено пред

Грчката влада соопшти денеска дека ќе ги блокира претпристапните преговори на Македонија со Европската унија доколку не биде решен спорот со името меѓу двете држави

dobivaj vesti na viber

Грчката влада соопшти денеска дека ќе ги блокира претпристапните преговори на Македонија со Европската унија доколку не биде решен спорот со името меѓу двете држави.

Заменикот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас рече дека е „незамисливо“ на состанокот на Советот на министрите на ЕУ на седми декември да започнат преговори на Македонија за членство во унијата, ако прашањето за името не се реши дотогаш.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, кој присуствува на меѓународната безбедносна конференција во Атина, изрази надеж дека двете земји имаат време да ги преиспитаат своите ставови пред состанокот на ЕУ. /крај/бета/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фицо: Борис Џонсон се бореше за да продолжи војната, зеде милион фунти од производителите на оружје

Објавено пред

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал финансиски интерес од продолжување на конфликтот во Украина, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи во парламентот на Словачка во четвртокот, Фицо, како што пренесуваат медиумите, се осврна на неодамнешните извештаи во британскиот печат што го поврзуваат Џонсон со бизнисменот Кристофер Харборн, чие портфолио вклучува производство на оружје. Харборн наводно му донирал 1 милион фунти (1,34 милиони долари) на Џонсон откако ја напуштил функцијата на крајот од 2022 година и го придружувал на најмалку една посета на Киев следната година.

„Борис Џонсон се борел за да продолжи војната. Потоа зел милион фунти од производителите на оружје“, рече Фицо. „Тој не сакал да ја заврши војната затоа што знаел дека има пријател кој ќе му даде пари, а за возврат ќе му помогне со оружје во Украина“.

Словачкиот лидер додаде дека „многу луѓе заработиле огромни пари“ од конфликтот, додека Украинците „беа и се главните жртви на оваа војна“.

Фицо го спомена и поранешниот француски претседател Никола Саркози, водечки поддржувач на интервенцијата на НАТО во Либија во 2011 година. Во септември, Саркози беше осуден на пет години затвор за нелегално финансирање на кампањата поврзано со донации од либискиот лидер Моамер Гадафи, кој беше соборен од власт и погубен за време на интервенцијата на НАТО.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп најави намалување на цената за Оземпик

Објавено пред

Американскиот претседател Трамп вчера изјави дека цената на најпродаваниот лек за слабеење на компанијата „Ново Нордиск“ ќе биде намалена, а се очекува преговорите да бидат брзи, како и за лековите за плодност.

dobivaj vesti na viber

Трамп го објави ова во Белата куќа за време на настан за третмани за плодност и цени на лекови. Новинарите го прашаа да го именува лекот за кој рече дека ќе биде поевтин.

„Мислев на Оземпик, или – мислев – на лекот за слабеење?… Ќе биде многу поевтин“, рече Трамп.

Трамп рече дека планот на неговата администрација ќе ја намали цената на лекот од 1.300 долари на 150 долари. Оземпик има каталошка цена од околу 1.000 долари за месечна залиха, но „Ново Нордиск“ го продава директно на клиенти кои плаќаат во готово за 499 долари за месечна залиха.

Трамп, исто така, рече дека цената на лековите за ин витро оплодување исто така ќе биде намалена. „Со задоволство објавувам дека компанијата Емд Сероно се согласи на значително намалување на цените на лековите за плодност што се продаваат во Соединетите Држави“, рече тој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции, повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Според Ушаков, Путин детално ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.

Трамп и Путин се согласија во четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откако најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.

Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Фото) Министерот за здравство се вакцинираше против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонски...

Европа2 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет2 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа3 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион3 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет4 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија4 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет14 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија18 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија21 час

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија22 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија23 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија24 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија24 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...