Контакт

Свет

Непал: Владата за климата на седница на Монт Еверест

Објавено пред

Непалската влада одржа денеска вонреден состанок во базниот логор на Монт Еверест за да предупреди на ефектите од климатските промени на Хималаите пред почетокот на климатскиот самит во Копенхаген. Слична седница одржа и владата на Малдивите, таму кабинетот се состана под океанот.

dobivaj vesti na viber

Непалската влада одржа денеска вонреден состанок во базниот логор на Монт Еверест за да предупреди на ефектите од климатските промени на Хималаите пред почетокот на климатскиот самит во Копенхаген.Дваесет и четири министри, меѓу кои беше и премиерот Мадхав Каумра Непал, половина час разговараа во Калипатар, базен камп на Монт Еверест на висина од 5.242 метри, каде пристигнаа со маски за кислород.Слична седница одржа и владата на Малдивите, само таму кабинетот се состана под вода, бидејќи зголемувањето на нивото на океанот и се заканува на малата држава во Тихиот океан.Премиерот истакна дека богатите земји мораат да преземат повеќе одговорност за заштитата на Хималаите.Ледниците на Хималаите се топат со алармантна брзина и создаваат огромни езера, кои можат да ги поплават селата.Научниците предупредуваат дека климатските промени би можеле да доведат исчезнување на ледниците и долготрајни суши, кои би погодиле неколку земји во Азија и околу 1,3 милиони жители кои зависат од реките/крај/хн/ил



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Објавено пред

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на заложниците. Ова е еден од најголемите протести во Израел откако започна конфликтот во октомври 2023 година, а следува по генерален штрајк со цел да се изврши притисок врз владата да ги запре воените дејствија, објавува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Собирот во неделата навечер беше кулминација на денот на национални протести. Огромни толпи се собраа на плоштадот во Тел Авив, епицентарот на протестното движење, скандирајќи: „Испратете ги сите дома! Запрете ја војната!“

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица, кој ги организираше протестите, процени дека само во Тел Авив се собрале околу 500.000 луѓе, иако полицијата не ја потврди таа бројка.

„Бараме сеопфатен и остварлив договор и крај на војната“, рече Еинав Зангаукер, мајка на заложникот Матан и водечка фигура во протестното движење. „Бараме она што е наше право – нашите деца. Израелската влада ја претвори праведната војна во бесмислена војна“.

Тензиите дополнително се засилија со видео пораката од Матан Зангаукер, објавена од националните медиуми во неделата. На снимката, направена од Хамас и пронајдена од израелската војска, видливо слабиот и гладен заложник разговара со своето семејство. „Ова е веројатно последниот момент што го имаме за да ги спасиме заложниците“, изјави за АФП демонстрантот Офир Пенсо (50).

Протестите се одржуваат повеќе од една недела откако израелскиот кабинет за безбедност ги одобри плановите за заземање на градот Газа, 22 месеци по почетокот на војната што предизвика сериозна хуманитарна криза на палестинските територии. Организаторите изјавија дека демонстрантите ќе ја „затворат земјата“ за да обезбедат враќање на заложниците и крај на војната. Низ целиот Израел, демонстрантите блокираа патишта, палеа гуми и се судрија со полицијата, која соопшти дека се уапсени повеќе од 30 лица.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Руски преговарач објави провокативна карикатура со Трамп и европските лидери

Објавено пред

Од

Клучниот помошник на Владимир Путин и главен преговарач на Русија, Кирил Дмитриев, објави карикатура на социјалната мрежа X, коментирајќи го ставот на Западот кон Украина пред најавените меѓународни преговори.

dobivaj vesti na viber

Тој напиша: „Лажни вести од ЕУ кои промовираат лажни наративи пред големиот ден“.

Сликата ја прикажува Белата куќа во позадина, додека американскиот претседател Доналд Трамп, облечен во престилка и држејќи кујнски нож, стои пред голем ковчег со украинско знаме и среќно свирка додека го остри сечилото. Пред него има кофа.

На левата страна од сликата се европските лидери кои пристигнуваат денес, предводени од Зеленски, на средба со Трамп.

Францускиот претседател Макрон и британскиот премиер Стармер се чини дека носат голем ковчег со украинско знаме. Другите, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, италијанската премиерка Џорџија Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стаб и Зеленски, стојат и клекнуваат пред Трамп како да го молат. Фон дер Лајен е облечена во знамето на Европската Унија.

Пораката на карикатурата е јасна: Трамп е прикажан како оној што одлучува за судбината на Украина, додека европските лидери изгледаат беспомошно и понижено.

Цртаната слика веројатно има за цел да ја исмее немоќта на Европа пред САД и Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

Објавено пред

Најмалку девет лица, меѓу кои и три деца, се убиени во последните 24 часа во зголемените руски напади низ Украина, потврдија украинските власти, објави Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Во Харков, вториот по големина град во Украина, пет лица беа убиени, а најмалку 20 други беа повредени откако беше погодена станбена зграда. Нападот предизвика пожар и зградата се урна, изјави Олех Синиехубов, началник на регионалната воена администрација.

Синиехубов објави на Телеграм дека меѓу жртвите се девојче од година ипол и 16-годишно момче. Пет лица сè уште се бараат.

Реагирајќи на нападот во Харков, украинската премиерка Јулија Свириденко рече: „Русите само продолжуваат да вршат масовни убиства“.

„Оваа војна никогаш не беше предизвикана; таа продолжува само затоа што на Москва ѝ е дозволено да продолжи“, рече таа на социјалната мрежа Икс.

Петнаесетгодишно момче беше убиено кога бомба ја погоди куќата на неговото семејство во селото Новојаковливка во Запорожје, потврди Иван Федоров, началник на регионалната воена администрација. Братот, сестрата и родителите на момчето беа исто така ранети во нападот. Три лица загинаа и во Донецк, соопшти Вадим Филашкин, началник на регионалната воена администрација таму.

Пожарникарите во Одеса се бореа со голем пожар во енергетска централа по „масивен“ напад со беспилотни летала, соопшти Државната служба за вонредни ситуации.

Додека американскиот претседател Доналд Трамп се фокусира на постигнување мировен договор, а не на прекин на огнот, украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека преговорите не се можни додека Русија продолжува да ја бомбардира неговата земја.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во понеделник ја повика Москва да „го запре убивањето со цел да се унапреди дипломатијата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија3 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет4 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет5 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет5 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет5 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет15 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија17 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет18 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ18 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ23 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет1 ден

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија1 ден

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија1 ден

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион1 ден

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија2 дена

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија2 дена

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија2 дена

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија2 дена

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...