Свет
Моралес главен фаворит на претседателските избори во Боливија

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, кој е прв Индијанец на оваа функција, на пат е да победи уште во првиот круг од претседателските избори во недела.
Претседателот на Боливија, Ево Моралес, кој е прв Индијанец на оваа функција, на пат е да победи уште во првиот круг од претседателските избори во недела. Главниот противник на Ево Моралес, како што покажуваат анкетите, Манфред Рејес Вила на изборите би можел да освои 21,1 отсто од гласовите. Меѓу седуммината претседателски кандидати се наоѓа и една жена, бившата пратеничка Ана Марија Флорес, како и лидерот на селаните Алејо Велиз. Во времето кога Моралес стана првиот Индијанец претседател на Боливија во 2006. година, го привлече вниманието на оваа земја од 9,7 милиони жители, една од најнеразвиените и најсиромашните, во која дури 60 отсто од населението е сиромашно, и покрај богатите наоѓалишта на нафта и гас. Одбраната на правата на Индијанците го стави во фокусот на својата кампања и се вклучи во кампањата за деколонизација на Латинска Америка со порака до инвеститорите „Сакаме партнери, не господари“. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
🇺🇸🇺🇦 Happening right now: a big pro-Ukrainian rally in Anchorage ahead of the Trump-Putin meeting. “Ukraine and Alaska — Russian never again.” pic.twitter.com/Zx2VKVYW9G
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 15, 2025
Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.
фото: принтскрин
Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).