Свет
Топењето на мразот од Хималаите ќе предизвика суша

Повеќе од една милијарда луѓе зависат од мразот на Хималаите што служи за водоснабдување, но експертите сметаат дека алармантната брзина со која се топи мразот…
Повеќе од една милијарда луѓе зависат од мразот на Хималаите што служи за водоснабдување, но експертите сметаат дека алармантната брзина со која се топи мразот се заканува со суша во целиот регион. Мразот од Хималаите, планински венец кој се протега на 2.400 километри на териториите на Пакистан, Индија, Кина, Непал и Бутан, ги снабдува со вода деветте најголеми реки во Азија и на тој начин е извор на живот за повеќе од 1.3 милијарда жители Со оглед на постепеното зголемување на температурите на овие простори се зголемуваат и шансите за топењето на ледот што во догледно време може да резултира со голема суша. Експертите предупредуваат дека со глобалното затоплување може да се очекува некои од глечерите на Хималаите да исчезнат во следните 40 години. /крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека Русија е долгорочна закана за алијансата, пренесува ДПА.
„Сите се согласуваме во НАТО дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО – за целата евроатлантска област“, рече Руте по состанокот во Белата куќа.
На прашањето за можноста за договор меѓу Русија и Украина, поранешниот холандски премиер рече дека во моментов „нешто е на маса“, но дека топката сега е на теренот на Русија. Генералниот секретар на НАТО е уверен дека САД ќе ги предводат напорите за завршување на војната во Украина.
„Не гледам ситуација во која САД ќе си заминат. Гледам ситуација во која, под водство на претседателот Трамп, ова може да се доведе до позитивен крај, а тоа е многу важно“, рече Руте. Лидерите на НАТО ќе се состанат во Хаг кон крајот на јуни.
Свет
Трамп: На Украина ќе ѝ биде многу тешко да го врати Крим

Доналд Трамп коментираше за прашањето на Крим откако се појави информација дека неговиот мировен план вклучува признавање на руската контрола врз територијата од страна на САД.
Тој рече дека Украина „изгубила многу територија“ за време на војната, додавајќи: „Ќе направиме сѐ што можеме работејќи со Украина“.
Зборувајќи конкретно за Крим, Трамп изјави дека територијата била „предадена“ додека Барак Обама бил претседател. „Тоа нема никаква врска со мене“, рече Трамп.
Сепак, тој додаде дека ќе биде „многу тешко“ за Украина да го врати Крим.
Потоа американскиот претседател нагласи дека „нема лојалност кон никого“, туку дека има „лојалност кон спасување животи“.
„Мислам дека ќе постигнеме договор“, рече тој, додавајќи: „Мислам дека сме многу блиску до договор“.
Свет
Макрон: Путин треба конечно да престане да лаже

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин е единствената личност што стои на патот на мировниот предлог поддржан од САД и Европа.
„Единственото нешто што претседателот Путин треба да го направи е конечно да престане да лаже“, рече Макрон за време на посетата на Мадагаскар, објави АФП.
„Тој им кажува на американските преговарачи дека сака мир, а во исто време продолжува да ја бомбардира Украина“, додаде тој.
Макрон рече дека Украинците сакаат да чујат само едно: дали Путин се согласува на безусловно примирје? Тој нагласи дека „ако Путин каже „да“, оружјето би можело да замолкне утре и да се спасат животи“.
„Американскиот гнев треба да биде насочен само кон едно лице – претседателот Путин“, заклучи Макрон.
Вчера, Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека го отфрла мирот и рече дека може „да избере помеѓу мир и уште три години војна“, додека утрово му рече на Путин: „Владимир, престани! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да го завршиме мировниот договор“.