Свет
Излезите во дискотеката во Русија биле блокирани

Пожарот во дискотеката во рускиот град Перм на Урал, во кој што според најновите податоци загинаа 121 лице, бил предизвикан од непрописни зафати во просторот и со блокада на безбедносните излези.
Пожарот во дискотеката во рускиот град Перм на Урал, во кој што според најновите податоци загинаа 121 лице, бил предизвикан од непрописни зафати во просторот и со блокада на безбедносните излези.
Ова в среда го соопшти гувернерот на областа Перм, Олег Чиркунов. „Огнометот според мое мислење е причина за пожарот, но не и на трагедијата“, рече тој во разговор за дневникот „Известија“.
Според него, „жртвите“ се нашле во замка затоа што поради непрописен зафат во просторот, безбедносните излези биле блокирани.
Ѕидот изграден без дозвола на почетокот од 2000 година при градежните работи за проширување на дискотеката, го спречил пристапот до прозорците за евакуација, рече Чиркунов.
Покрај тоа, според нацрт проектот одобрен од властите, просторот не смеел да прими повеќе од 50 лица, но во моментот кога избил пожарот. Во дискотеката имало 230 гости.
„Одговорните претставници ги прикрија информациите“, обвини Чиркунов истакнувајќи дека веќе потпишал наредба за нивно казнување./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.