Свет
Се намалува поддршката за економската политика на Обама
Се поголем број Американци губат доверба во начинот на кој што претседателот Барак Обама се справува со економските проблеми на САД, покажува проучување на јавното мислење во САД.
Се поголем број Американци губат доверба во начинот на кој што претседателот Барак Обама се справува со економските проблеми на САД, покажува проучување на јавното мислење во САД.
Истражувањето на универзитетот Квинипак констатирало дека 54 отсто од анкетираните не го одобруваат начинот на кој Обама се справува со економските проблеми во државата, наспроти 41 отсто од анкетираните кои што ја одобруваат неговата политика.
Во однос на ова прашање, Обама има најслаби резултати , посочуваат авторите на анкетата. Според нив, американскиот претседател ја изгубил поддршката на јавното мислење во однос на претходниот месец, кога 52 отсто од анкетираните посочиле дека тој се справува добро со економските прашања. За неговото целосно претставување, 46 отсто го поддржале, додека 44 отсто се незадоволни од неговата политика.
Рејтингот на претседателот продолжува да паѓа поради незадоволството на гласачите во врска со начинот на кој што тој треба да се справи со внатрешните проблеми, истакна Питер Браун од социолошкиот институт на универзитетот Куинипак.
Најголемата промена во рејтингот кај Обама, има кај политички неопределените, 51 отсто во декември, не ја одобруваат политиката на американскиот претседател, наспроти 46 проценти во ноември. /крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

