Свет
Италијанскиот парламент блокира апсење на пратеник поврзан со мафијата

Долниот дом на италијанскиот парламент се изјасни против апсењето на пратеникот Никола Консентино, кој се поврзува со бизниси со мафијата во Италија. Против апсењето на Консентино, кој е член на владата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, тајно гласале 360 пратеници
Долниот дом на италијанскиот парламент се изјасни против апсењето на пратеникот Никола Консентино, кој се поврзува со бизниси со мафијата во Италија.Против апсењето на Консентино, кој е член на владата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, тајно гласале 360 пратеници, додека „за“ биле 226 народни избраници.Консентино е осомничен за помагање на Камората во 90-те години од минатиот век. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајненшл тајмс“: Американски инвеститори заинтересирани за стартување на гасоводот „Северен тек 2“

Американските инвеститори се заинтересирани за стартување на гасоводот Северен тек 2 меѓу Германија и Русија. Гасоводот „Северен тек 2“ никогаш не беше пуштен во употреба поради почетокот на војната во Украина, но сега има иницијативи тоа да се промени, пишува „Фајненшл тајмс“.
Поранешниот генерален директор на „Северен тек 2“ Матијас Варниг и неколку американски инвеститори сакаат да го стартуваат гасоводот, а самиот Варниг се обидува да се доближи до тимот на американскиот претседател Доналд Трамп. Иницијативата е дел од билатералните разговори за можен крај на војната во Украина, пишува германскиот весник „Тагешау“.
Според весникот, водечките личности блиски до Трамп биле информирани за иницијативата на Варниг, а конзорциумот предводен од претставници на Соединетите Американски Држави веќе подготвил првични нацрти за евентуален договор со руската енергетска компанија Газпром.
Според информациите на германски Билд, американскиот пратеник за специјални задачи Ричард Гренел остварил неколку неофицијални патувања во Швајцарија за да разговара за договорот. Оперативната компанија „Северен тек 2“ се наоѓа во Штајнхаузен во кантонот Цуг во Швајцарија.
Самиот Гренел негира дека е вклучен во дискусии за лансирање на Северен тек 2, пренесува Танјуг.
Регион
Планинар паднал во провалија во Словенија и починал

Во неделата при искачување на планина, 43-годишен хрватски планинар се лизнал и паднал во провалија. Поради тешките повреди тој починал на местото на несреќата.
Полициската управа Крањ соопшти дека во неделата околу 12 часот добиле пријава за несреќата.
Неколку планинари се искачиле на снежната планинска патека. Пешачејќи, 43-годишниот хрватски планинар се лизнал на висина од околу 1.900 метри, а потоа паднал во длабочините. И покрај соодветната опрема тој се здобил со тешки телесни повреди и починал на местото на настанот.
Спасувачите од Регионалната управа за катастрофи и вонредни ситуации (ГРД) Крањ и дежурната екипа на Здружението за спасување на планина на Словенија (ГРЗС) пристигнаа на местото на несреќата со полициски хеликоптер, кој потоа го пренесе телото на планинарот во долината.
Полицискиот службеник од полициската единица Планина изврши увид и продолжува со собирање информации за сите околности на несреќата. Сите досегашни сознанија укажуваат на трагична планинска несреќа. Полицијата за сите информации ќе го извести надлежното државно правобранителство, соопштија од полициската управа Крањ.
Свет
Новиот директор на ФБИ го повика Конгресот да истражи како биле искористени парите испратени во Украина

Новоименуваниот директор на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Каш Пател, го повика американскиот Конгрес да истражи како биле искористени парите испратени во Украина, објави „Епох тајмс“.
„Побарав од Конгресот да истражи каде отишле тие пари. На американскиот народ му се должи тој одговор, бидејќи тоа се наши пари. Ова се долари на нашите даночни обврзници“, рече Пател.
Тој, исто така, го критикуваше обемот на американската помош за Украина.
„Не се работи за тоа САД да испратат милијарда долари, туку износот испратен во една земја е сто пати поголем од милијарда“, рече тој.
Пател потоа го доведе во прашање кредибилитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и го спомена ракетниот инцидент во Полска.
„Зеленски излезе на светската сцена и рече: ‘Русија истрела проектил кон Полска’, што би било воен чин. Излегува дека Русија не истрелала таков проектил“, изјави Пател, пренесе „Киев Индипендент“.
Полска лани неколкупати ги подигаше авионите поради руските напади врз Украина, откако проектилите испратени во западна Украина го нарушија полскиот воздушен простор.