Свет
Берлускони по нападот закрепнува во болница

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони закрепнува во болница, откако во недела на собир во Милано еден човек го погоди со сувенир во главата.Берлускони во нападот остана без два заба, носот му е скршен, а повредена му е и усната.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони закрепнува во болница, откако во недела на собир во Милано еден човек го погоди со сувенир во главата.
Премиерот Берлускони во нападот остана без два заба, носот му е скршен, а повредена му е и усната. Според лекарите Берлускони ќе остане во болница два дена, а операција не му е потребна.
Полицијата веднаш го приведе напаѓачот, кој со години страда од психички проблеми и го обвини за напад врз Берлускони, во кого фрли минијатурно реплика на миланската готска катедрала, јавија западните агенции.
Нападот се случи на собир во Милано, кога Берлускони (73), по говорот одеше кон својот автомобил, а 42 годишниот напаѓач, успеа да се пробие до премиерот и да го нападне.
Премиерот, кој крвареше веднаш е одвезен во болница, а лекарите потврдија дека со него се е во ред, но треба да остане ден-два на посматрање. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдена двегодишната Дуња Марковиќ, огромна потрага во Србија цела ноќ

Куче за спасување на планинската служба за спасување утрово го пронашло двегодишното девојче Дуња Марковиќ.
За потсетување, девојчето исчезна вчера во градот Уб. Како што дознава Телеграф.рс, девојчето е добро.
Девојчето го пронашло специјално обучено куче на планинската спасувачка служба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.
Девојчето исчезнало вчера околу 14 часот кога излегло од дома. Веста за нејзиното исчезнување дојде преку апликацијата „Пронајди ме“.
Родителите на Дуња, како што вчера напиша Телеграф, во моментот на исчезнувањето на девојчето не биле дома, туку ја чувале други деца. Таткото на Дуња во тоа време бил на работа, а нејзината мајка на погреб.
Децата си играле пред куќата кога во еден момент девојчето исчезнало.
Европа
Пет европски воени сили ја потврдија поддршката за Украина

Претставниците на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска ја потврдија својата политичка и воена помош за Украина.
Членките на НАТО се собраа преку видео врска во форматот за одбранбена соработка на Групата пет водечки европски одбранбени сили.
„Сите се согласуваат дека (Украина) може да се потпре на континуираната и сеопфатна поддршка на Групата“, се вели во соопштението на германското Министерство по состанокот.
Состанокот беше свикан за кратко време по жестоката расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа минатата недела.
Расправијата ги поттикна стравувањата дека Вашингтон би можел да ја повлече својата клучна поддршка за Киев, бидејќи односите меѓу САД и Русија почнаа да се подобруваат.
Следниот состанок на Групата пет одбранбени сили е закажан за 12 март во Париз. Целта на групата е да ја зајакне европската безбедносна и одбранбена подготвеност.
Свет
Трамп тестира колку далеку може да оди со Украина, објави „Њујорк Тајмс“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на „Њујорк Тајмс“ од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.
Хаберман рече дека Трамп ја донел одлуката по расправијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот, што уследи по неколкунеделната тензија меѓу Вашингтон и Киев.
Според неа, имало „речиси едногласно незадоволство“ од Украинците во Белата куќа, а особено имало „голема тензија“ меѓу потпретседателот Џеј-Ди Венс и Зеленски.
„Венс веќе некое време се сомневаше во потребата од американска помош за Украина и често го критикуваше Зеленски. Зеленски не остана должен и возврати со критики“, рече Хаберман.
Таа додаде дека Трамп не ја гледа Украина како европски сојузник, туку првенствено преку економски интерес. Како пример, таа го наведе неуспешниот договор за експлоатација на украинските минерални суровини, што многумина го протолкуваа како обид на Белата куќа на Украина да и ја „врати“ американската помош без да ги обезбеди безбедносните гаранции за Киев што ги бара Зеленски.
„Трамп речиси ништо не бара од рускиот лидер Владимир Путин, додека тој бара многу од Зеленски“, рече Хаберман.
„Украинците тврдат дека од самиот почеток им бил понуден договор што бил нереален за нив, во кој практично не добиле ништо“, рече таа. „И мислам дека ќе видиме како Трамп се обидува да услови други договори на сличен начин.
Хаберман рече дека американската поддршка за продолжување на помошта за Украина е намалена откако Русија ја започна инвазијата пред три години, но таа истакнува дека поддршката за Москва и Путин во Соединетите држави исто така не е голема. „Трамп сега ги тестира границите до каде може да оди во ова“, заклучи таа.