Свет
Притворени нови 260 демонстранти
Нови 260 уапсени демонстранти, е новиот биланс од денешните протести во Копенхаген.Демонстрантите во обид да влезат во Бела центарот каде се одржува конференцијата на Обединетите нации посветена на климатските промени во светот, биле пресретнати од копенхашката полиција.
Нови 260 уапсени демонстранти, е новиот биланс од денешните протести во Копенхаген, јавува данската полиција.
Демонстрантите во обид да влезат во Бела центарот каде се одржува конференцијата на Обединетите нации посветена на климатските промени во светот, биле пресретнати од полицијата.
При судирот со активистите полицијата употребила палки, солзавец и спрејови. Сила била употребена и врз членовите на една еколошка орагнизација кои при излезот од конференцискиот центар се обиделе да се спојат со демонстрантите.
Протестите се организирани од страна на коалицијата од еколошки групи под име „Акција за еколошка правда„.
Пред одржувањето на протестите организаторите нагласиле дека протестите ќе протечат мирно, но дека нема да дозволат да бидат спречени од било каква „физичка сила“.
Полицијата од почетокот на конференцијата на 7 декември досега има притворено околу 1.600 лица, од кои поголемиот број се пуштени по 12 часовен притвор.крај/бе/спд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

