Свет
Штрајк на службениците на ЕУ поради платите

Штрајк на службениците во седиштето на Европската унија (ЕУ) во Брисел започна во четвртокот, поради одбиеното барање за зголемување на платите од 3,7 отсто.
Штрајк на службениците во седиштето на Европската унија (ЕУ) во Брисел започна во четвртокот, поради одбиеното барање за зголемување на платите од 3,7 отсто.
Во зградата „Јустус липсус“, каде што секојдневно доаѓаат по 2.800 службеници, денеска на работно место пристигнале околу 300 вработени.
Поради штрајкот биле одложени 20 седници на повеќе работни групи на разни теми во Советот на ЕУ.
Шведска, која до крајот на годината претседава со ЕУ, се обиде да најде решение за овој проблем, но одредени држави одбиваат да постигнат компромис за зголемување на платите на службениците во ЕУ
Од друга страна службениците инсистираат од 1 јануари да им биде одобрено зголемувањето од 3,7 отсто, кое што им е законски пропишано.
Доколку не биде изнајдено решение, ЕУ ќе биде изложена на тужба од страна на Европската комисија пред Европскиот суд. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Словенечки политичар се качи на покривот на Парламентот, се закани дека ќе се самоубие

Словенечкиот опозициски пратеник Андреј Хојвик денес се качи на покривот на Народното собрание во Љубљана, обраќајќи им се на минувачите и заканувајќи се дека ќе скокне.
Додека беше на покривот, Хојвик рече дека не осудува никого, вклучително и словенечкиот премиер Роберт Голоб, но дека „она што го прават на оваа земја не е добро“.
Пожарникари по некое време го симнаа Хојвик од покривот.
„Тој сега е безбеден и е однесен на пружање медицинска помош“, изјавија од Народното собрание во Љубљана за агенцијата СТА.
Други детали за инцидентот не се познати, а мотивот за неговите постапки засега е непознат.
Пратеникот беше отворен противник на владиниот закон за пензиски бонуси за наградувани уметници, кој беше отфрлен претходно овој месец на референдум инициран од СДС.
Свет
Трамп: Откако реков дека ја мразам Тејлор Свифт, таа веќе не е толку популарна

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и британскиот премиер, Кир Стармер, потврдија дека разговарале со американскиот претседател, Доналд Трамп, но се чини дека вниманието на Трамп не беше окупирано од денешниот мировен самит за Украина, туку од американските музички ѕвезди.
На неговата платформа „Truth Social“, Трамп објави две пораки во кои ги нападна Тејлор Свифт и Брус Спрингстин.
Во првата објава, Трамп напиша дека Свифт „веќе не е толку популарна“ затоа што, како што вели, „рекол дека ја мрази“.
Во друга објава, неколку минути подоцна, Трамп го нарече Спрингстин „страшно преценет“ и рече дека „треба да си молчи“.
Негодувањето дојде откако Спрингстин, за време на отворањето на неговата турнеја во Велика Британија, го нарече Трамп „неспособен за функцијата“.
„Во мојата Америка, онаа што ја сакам и за која пишував, која е симбол на надежта и слободата, моќта моментално е во рацете на корумпирана, некомпетентна и предавничка администрација“, рече Спрингстин на сцената.
Пејачот на „Dancing In The Dark“ е долгогодишен поддржувач на Демократската партија и познат по своите остра критика кон републиканците.
Свет
Зеленски и клучните европски лидери разговарале со Трамп: „Се согласивме за Русиja“

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека тој и лидерите на Франција, Германија и Полска, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се согласиле дека позицијата на Русија во мировните преговори е „неприфатлива“ и дека за тоа разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка унија во Тирана, Стармер рече дека лидерите се координираат за нивниот одговор.
Украински официјален претставник во Истанбул ја обвини Русија за „неприфатливи“ територијални претензии за поткопување на разговорите.
„Руските барања се разделени од реалноста и одат многу подалеку од сè што е претходно дискутирано. Тие вклучуваат ултиматуми Украина да се повлече од нејзината територија за прекин на огнот и други неконструктивни услови“, изјави извор за Ројтерс, опишувајќи ги разговорите меѓу претставниците на двете земји во Истанбул.
Украина е подготвена да ги преземе најбрзите можни чекори за мир, изјави претседателот Володимир Зеленски откако тој и европските лидери телефонски разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Нашиот став е – доколку Русите одбијат целосно и безусловно примирје и крај на убиствата, мора да следат остри санкции“, рече Зеленски.
„Притисокот врз Русија мора да се задржи додека не биде подготвена да ја заврши војната.
Телефонскиот разговор меѓу Зеленски, Макрон, Мерц, Стармер и Туск со американскиот претседател се случил по завршувањето на разговорите меѓу украинската и руската делегација во Истанбул.