Свет
Самитот во Копенхаген се уште не е завршен
Иако требаше да заврши синоќа, Самитот на ОН за климатските промени во Копенхаген продолжи во текот на ноќта и се уште не е завршен. Предлог завршниот документ на Самитот, кој доцна синоќа го усогласија 27 земји, не е усвоен…
Иако требаше да заврши синоќа, Самитот на ОН за климатските промени во Копенхаген продолжи во текот на ноќта и се уште не е завршен.
Предлог завршниот документ на Самитот, кој доцна синоќа го усогласија 27 земји, не е усвоен бидејќи некои од земјите во развој, кои ја предводат Групата 77, одбија да гласаат за него, незадоволни како од содржината на документот, така и од начинот на кој што е усогласен.
Претседателот на Групата 77, Станислаус Лумумба Ди – Апинг оцени дека нивното гласање за предложениот документ би било како некој од афричките земји да побара „да извршат самоубиство“, споредувајќи го документот со „холокаустот“.
Моментно на Самитот има пауза, која ја побара Велика Британија, по што претседателот на Самитот данскиот премиер, Ларс Локе Расмусен официјално констатираше дека нема согласност за усвојувањето на предложениот текст.
Се работи за текстот “Исходот од Копенхаген“, кој е правно необврзувачки, не содржи конкретни цифри во врска со обврските на земјите за смалување на емитувањето на штетни гасови, ниту цел, емисијата на јаглерод – диоксид да се намали за 50 отсто до 2050 година.
Документот предвидува во текот на јануари 2010 година, земјите сами да ги одредат и да ги соопштат целите во врска со смалувањето на емисиите на штетните гасови, како и за шест месеци да биде одржан нов состанок за климатските промени во Германија. /крај/онаса/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напад, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

