Свет
Њујорк тајмс: САД ги помогна акциите во Јемен
САД ги помагале властите на Јемен со разузнавачки информации, оружје и други видови помош, за да можат да ги изведат нападите врз утврдувањата на Ал Каеда во Јемен.
САД ги помагале властите на Јемен со разузнавачки информации, оружје и други видови помош, за да можат да ги изведат нападите врз утврдувањата на Ал Каеда во Јемен. Ова денеска го пишува Њујорк тајмс, кој повикувајќи се на американски официјални извори, пишува дека поддршката од САД ја одобрил претседателот Барак Обама, на барање на владата на Јемен. Целта на американската поддршка била да му се помогне на Јемен да ја спречи Ал Каеда во изведувањето на напади врз Американците и другите „странски“ цели на нивната територија. Во Пентагон воените и разузнавачките официјални лица одбиле да дадат детали за нападите. Тие не навеле дали целите на Ал Каеда биле амбасадите, фирмите, училиштата или некои други места, пишува њујоршкиот весник. Официјални лица од Јемен соопштиле дека нивните безбедносни сили неделава убиле најмалку 34 исламски екстремисти. „На Јемен треба да му се даде признание за акциите против АЛ Каеда, која претставува сериозна закана за Јемен, САД и закана за регионалните интереси“, изјавил портпаролот на Пентагон, Брајан Витман. Повикувајќи се на извори, весникот пишува дека летово стигнале првите докази дека припадници на Ал Каеда и неколку нивни лидери, се преселиле од Пакистан во Јемен и Сомалија, каде што, терористичките групи почнале интензивно да комуницираат за да ги координираат своите активности. /крај/форум/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напад, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

