Свет
Демократија од западен тип е невозможна во Авганистан
Невозможно е во Авганистан да биде изградена демократија од западен тип, изјави германскиот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг, во интервју за “Билд ам Зонтаг”
Невозможно е во Авганистан да биде изградена демократија од западен тип, изјави германскиот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг, во интервју за “Билд ам Зонтаг”.
Тој додаде дека Западот треба што поскоро да се повлече од идејата за управување со умерените талибанци.
Гутенберг одамна немал дилема дека поради историјата и спецификата на Авганистан оваа земја „не може да се претвори во пример на демократија според западните стандарди”.
Баронот Карл-Теодор цу Гутенберг потекнува од аристократско семејство, а на политичката сцена се проби со својот ангажман во надворешната политика. /крај/бгнес/спд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија доби редовна влада на чело со Росен Жељазков
По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади, Бугарија доби редовна влада, на чело со Росен Жељазков.
За владата на премиерот Росен Жељазков гласаа 125 пратеници, a 114 беа против.
Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство со кое го избраа Жељазков. И составот на владата доби 125 гласа „за“.
Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.
Свет
Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека украинската армија сега е побројна од руската на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.
Според него, украинските вооружени сили броjaт 880.000 војници, додека руските сили во Украина имаат околу 600.000 припадници.
Зеленски објасни дека 880.000 украински војници ја бранат целата територија на земјата, додека руските војници главно се концентрирани во одредени области. Бројот на украинските војници е значително зголемен во споредба со 2023 година, кога Зеленски изјави дека вооружените сили на Киев броеле 600.000 припадници, пишува „Њузвик“.
Украинската војска се состои од неколку гранки, вклучувајќи ги копнените сили, воздухопловните сили, морнарицата, воздушните сили, маринците, специјалните сили и силите за територијална одбрана.
Свет
Хјуман рајтс воч: Враќањето на Трамп ќе ги загрози човековите права во САД и во странство
Извршниот директор на меѓународната организација Хјуман рајтс воч, Тирана Хасан денеска оцени дека враќањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа следната недела ќе ги загрози слободите во таа земја и надвор од неа.
Таа изјави дека вториот мандат на Трамп може да биде „поштетен од првиот“.
„Првиот мандат на администрацијата на Трамп ни покажа за што се тие способни, а особено го покажа нивниот недостаток на посветеност на човековите права. Но, Проектот 2025 и изјавите што ги слушнавме од новоизбраниот претседател веќе почнаа да покажуваат дека ќе има генерален напад, во суштина, врз правата на мигрантите“, рече Хасан, според Ројтерс.
Таа оцени дека реториката на Трамп може да ги охрабри „автократите ширум светот да воведат слични политики“.
Покрај тоа, таа ја критикуваше администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден за големи испораки на оружје за Израел за време на нападот на таа земја на Појасот Газа, и покрај „јасните докази дека тие биле користени за извршување злосторства“.
„Минатата година не беше нешто со што може да се гордее администрацијата во заминување“, рече Хасан, пренесува Танјуг.