Свет
Загинаа петмина странски војници во Авганистан
Четворица американски војници и еден припадник на британските сили загинаа во експлозија во јужниот дел Авганистан, соопштија во понеделник силите за НАТО.
Четворица американски војници и еден припадник на британските сили загинаа во експлозија во јужниот дел Авганистан, соопштија во понеделник силите за НАТО.
„Четворица американски војници, припадници на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан загинаа во неделата во експлозија на рачно изработена бомба на југот од Авганистан“ изјави портпарол на ИСАФ.
Ова се први американски жртви во Авганистан во новата година.Седум припадници на ЦИА загинаа на 30 декември во самоубиствен напад во една база на истокот на Авганистан. /крај/бе/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ѝ даде зелено светло на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција на Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе му дозволи на технолошкиот гигант „Нвидија“ да ги продава своите напредни чипови за вештачка интелигенција H200 на „одобрени клиенти“ во Кина. Оваа одлука претставува значаен пресврт во американската политика и доаѓа по месеци геополитички тензии меѓу Вашингтон и Пекинг околу пристапот до клучни технологии, пишува Би-Би-Си.
Трамп ја објави својата одлука во понеделник на социјалните мрежи. „Ќе ја заштитиме националната безбедност, ќе создадеме американски работни места и ќе го одржиме американското лидерство во вештачката интелигенција“, рече тој.
Лобирање и претходни обиди
Одлуката, која ќе важи и за други американски компании како што е AMD, следеше по интензивното лобирање од страна на извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, кој беше во Вашингтон минатата недела. Nvidia, водечкиот светски производител на чипови и највредната компанија во светот, беше во центарот на трговски спор и ѝ беше забрането да ги продава своите најнапредни чипови на Кина. Трамп веќе ја укина забраната во јули, но потоа побара Nvidia да ѝ плати на американската влада 15% од приходите од Кина, на што Пекинг наводно одговори со тоа што им нареди на своите технолошки компании да престанат да купуваат чипови на Nvidia.
Nvidia ја поздравува одлуката
Nvidia ја поздрави најавата на Трамп. „Ја поздравуваме одлуката на претседателот Трамп да ѝ дозволи на американската индустрија за чипови да се натпреварува во поддршката на високо платени работни места и производство во Америка“, се вели во соопштението за BBC News. „Нудењето на H200 на одобрени комерцијални клиенти, проверени од Министерството за трговија, постигнува промислена рамнотежа што е одлична за Америка“, се додава.
Хуанг изјави за BBC во септември дека САД треба да „осигураат дека луѓето ширум светот, вклучително и Кина, можат да пристапат до оваа технологија“. Тој, исто така, предупреди дека Кина, која развила свој екосистем за производство на чипови, ги достигнува САД во развојот на технологијата. Акциите на компанијата малку пораснаа по најавата.
Регион
Новиот шеф на „БМВ“ е Србин, роден во Крушевац
Милан Неделковиќ на 14 мај 2026 ќе ја преземе функцијата претседател на Управата на „БМВ АГ“, одлучи Надзорниот одбор. Тој ќе го замени Оливер Ципсе, кој повеќе од десет години е во управата и од 2019 е на нејзино чело.
Претседателот на Надзорниот одбор Никола Питер нагласи дека Неделковиќ има „јасен стратешки поглед, силна способност за реализација и изразено претприемачко размислување“, како и дека знае да ги мотивира луѓето – што го прави важен лидер во трансформацијата на БМВ.
Милан Неделковиќ, роден во Крушевац, Србија, е член на Управата од 2019 како одговорен за производството. Во БМВ работи од 1993 година и имал повеќе водечки позиции во Оксфорд, Лајпциг, Минхен и во корпоративната единица за квалитет. Неговиот мандат како претседател на Управата ќе трае до 2031 година.
Ципсе, кому мандатот му беше продолжен поради исклучок од старосната граница, ќе се пензионира по собранието на 13 мај 2026 по 35 години во компанијата. Питер ја истакна неговата улога во водењето на фирмата низ глобални кризи.
Претседателот на Главниот работнички совет Мартин Кимих додаде дека Неделковиќ ужива голема доверба меѓу вработените и дека ќе продолжи традицијата на партнерска соработка во компанијата.
Свет
Милијардерот Бабиш е новиот премиер на Чешка
Чешкиот претседател Петр Павел го назначи Андреј Бабиш, лидерот на движењето „Акција на незадоволни граѓани“ (АНО), за премиер на републиката, објави CT24.
Во октомври, партијата АНО на Бабиш победи на чешките парламентарни избори, освојувајќи приближно 34,7 отсто од гласовите. После тоа, претседателот му ја довери задачата да преговара за формирање нова влада.
Бабиш (71) е политичар милијардер: Форбс го проценува неговото богатство на 4,3 милијарди долари. Тој беше ко-сопственик на холдингот „Агроферт“, кој управува со повеќе од 210 компании во различни сектори, од земјоделство до обновливи извори на енергија и медиуми.

