Свет
Уапсени четворица припадници на ЕТА
Четири лица осомничени дека се припадници на баскиската сепаратистичка организација ЕТА се уапсени во Франција и Шпанија, а во акцијата е запленето и експлозив и оружје
Четири лица осомничени дека се припадници на баскиската сепаратистичка организација ЕТА се уапсени во Франција и Шпанија, а во акцијата е запленето и експлозив и оружје, соопшти во недела шпанската полиција. Маж и жена кои наводно се наоѓаат на шпанскиот попис на најбарани лица се уапсени во францускиот град Клермонт-Феранда. Француската полиција во соработка со шпанската цивилна гарда открила засолниште на оружје во пограничното планинско подрачје, па поставила стража, на која налетале двајца припадници на ЕТА кои сакале да влезат во засолништето. Шпанската полиција уапсила двајца припадници на ЕТА кои преку португалско-шпанската граница се обиделе да пренесат експлозив во приколка на возило. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се трага по четворица исчезнати мигранти кај грчкиот остров Икарија
Во близина на островот Икарија пристигнале околу 50 мигранти, но четворица од нив исчезнале. Поради ова била активирана спасувачка акција од страна на крајбрежната служба на Грција која е во тек од рано утрово за пронаоѓање на лицата.
Во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер и приватен брод.
Свет
На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад
Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко, цитиран од Укринформ.
Температурите во градот утрината паднаа на минус 12 степени.
Во меѓувреме, стотици илјади жители во регионот Чернигов останаа без електрична енергија како резултат на истиот напад, објави регионалната енергетска компанија Черниговбленерго.
Според нејзините податоци, клучната енергетска инфраструктура во близина на градот Нижин е оштетена.
Во исто време, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига изјави дека Владимир Путин цинично наредил ракетен напад од големи размери врз Украина во услови на преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, со посредство на САД.
Регион
Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож
Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба Калуѓерица, по што повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.
По жестока расправија со девојка, во белградската населба Калуѓерица се случил инцидент кога Д.Г. (40) си забодел кујнски нож во стомакот. Повредениот маж веднаш бил пренесен со возило на брза помош во Ургентниот центар, каде што добил итна медицинска помош.
Инцидентот се случил пред две ноќи, а припадници на полицијата веднаш излегле на местото на настанот и ги испрашале момчето и девојчето кои биле присутни во куќата во моментот на инцидентот кога мажот се самоизбодел.
Девојката потврдила за полицијата дека имале жестока расправија, по што Д.Г. го зел сечилото и го забодел во стомакот. Откако лекарите во Ургентниот центар ја санирале раната, Д.Г. бил пуштен на домашно лекување. Случајот е окарактеризиран како несреќен настан по семеен разговор, а понатамошната истрага ќе ги утврди сите релевантни факти.

