Свет
Репрезентацијата на Того се откажа од Купот на Африка

Фудбалската репрезентација на Того сепак нема да учествува на Купот на африкански нации во Ангола, откако Владата го повика националниот тим да се врати во земјата.
Фудбалската репрезентација на Того сепак нема да учествува на Купот на африкански нации во Ангола, откако Владата го повика националниот тим да се врати во земјата. Претходно репрезентативците соопштија дека ќе играат на Купот, и покрај оружениот инцидент што се случи во сабота во кој загинаа возачот на автобусот во кој се возеа, помошниот тренер и портпаролот на тимот. „Целосно ја разбираме одлуката на нашата влада да ја напуштиме Ангола, бидејќи не добивме доволни гаранции за безбедноста. Ние сакавме да играме на турнирот во чест на загинатите, но ја разбираме одлуката“, изјави Томас Досеви, фудбалски репрезентативец на Того. Владата на Того во недела ги обвини организаторите на турнирот дека не успеале доволно да ги заштитат фудбалерите. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Првата реакција на Украина: Ова не го замислувавме ниту во нашиот најлош кошмар

Олександр Мережко, украински пратеник од партијата на претседателот Зеленски, рече дека е „шокиран“ од веста дека Соединетите Држави ја запираат воената помош за Украина.
Говорејќи за „Њуздеј“ на Би-би-си, тој рече: „Она што се случува е неверојатно. Ниту во моите најлоши кошмари не можев да замислам дека Трамп може да ја спречи воената помош за Украина во време кога ни е најпотребна“.
Мережко смета дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги турка Украина и Европа настрана за да постигне договор со Русија.
„Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе остане запаметен во историјата. За мене ова е ден кој ќе остане во историјата како срамен“, заклучи тој.
Свет
Шмит: Не знам од каде Европа планира да најде десетици илјади војници за да ги испрати во Украина

Русија ја слави одлуката на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да ја замрзне воената помош за Украина, додека Европа се обидува да се обедини откако Трамп се сврте кон Москва, велат аналитичарите.
„Мислам дека Кремљ добива практично сè што сака од Трамп“, рече Метју Шмит, професор по национална безбедност и политички науки на Универзитетот во Њу Хевн.
„Всушност гледаме како САД преговараат само со Европа, а во исто време вршат притисок врз Украина, што е прилично чуден пресврт на настаните“, рече Шмит.
Франција и Велика Британија понудија алтернативен мировен план за Украина, кој вклучува „коалиција на подготвените“, со војници на земја и авиони во воздух, изјави британскиот премиер Кир Стармер во текот на викендот.
Но, Шмит за Си-Ен-Ен изјави дека има мали шанси Трамп да прифати каков било европски предлог за прекин на огнот.
Тој, исто така, додаде дека ќе биде многу тешко за европските сојузници на Украина да соберат „десетици илјади“ војници потребни за мировните сили. „Немам поим од каде Европа би можела да добие толку многу војници“, рече Шмит.
Свет
Кац до Хамас: „Не правете грешка, портите на пеколот ќе се отворат“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска му се закани на Хамас дека „портите на пеколот ќе се отворат“ доколку терористичката група наскоро не ги ослободи израелските заложници.
Говорејќи на настанот по повод 33-годишнината од смртта на поранешниот премиер Менахем Бегин, Кац рече дека и покрај постојаното прекршување на договорот од страна на милитантната група Хамас и отфрлањето на рамката понудена од специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, Израел одговорил на барањето на посредникот за Израел, да дозволи уште неколку дена преговори, објави Тајм.
Како што рече, во меѓувреме Израел ја запре испораката на хуманитарна помош за Газа.
„Хамас не треба да погреши, ова е само почеток. Доколку Хамас наскоро не ги ослободи заложниците, портите на Газа ќе бидат заклучени и портите на пеколот ќе се отворат“, нагласи тој.
Израелската влада вчера го запре влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху одби да ги започне преговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот.
Договорот стапи на сила на 19 јануари, а во првата фазам Хамас ослободи 30 заложници, додека стотици палестински затвореници беа ослободени од израелските затвори.
Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, планира да се врати во регионот во наредните денови за да се вклучи во продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа или договор за втората фаза, објави денеска Стејт департментот.
„Специјалниот пратеник Виткоф планира да се врати во регионот во наредните денови за да најде начин да ја продолжи првата фаза или да премине во втората фаза“, рече портпаролот на Стејт департментот, пренесе Ројтерс.
Портпаролот повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио инсистирале заложниците „мора веднаш да бидат ослободени, вклучително и американските заложници“.