Свет
Берлускони се врати на работното место
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во понеделник се врати во својата палата во Рим, од каде беше отсутен речиси еден месец поради повредата со која се здоби при нападот во
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во понеделник се врати во својата палата во Рим, од каде беше отсутен речиси еден месец поради повредата со која се здоби при нападот во Милано.
Влегувајќи во својот дом во палатата “Грациоли”, Берлускони најнапред ги поздрави младите членови на “Клубот-Слобода”, кои го дочекаа со пораката “Добредојдовте претседателе”.
Премиерот рече дека добро се чувствува, а потоа насочувајќи ја раката кон устата рече, “Погледнете овде повеќе немам заб, ќе морам да вградам имлантант”.
Во текот на денот Берлускони оствари средба со своите соработници, а за вечерва е предвидена и средба со претседателот Џорџо Наполитано./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

