Свет
СЗО: Вирусот А(Х1Н1) се уште активен во некои делови од светот
Новиот грип А(Х1Н1) брзо се шири во северна Африка, јужна Азија и во некои делови на Европа, соопшти во петок Светската здравствена организација.
Новиот грип А(Х1Н1) брзо се шири во северна Африка, јужна Азија и во некои делови на Европа, соопшти во петок Светската здравствена организација.
Според извештајот, пандемијата до сега во светот однела скоро 14.000 животи. Во Индија има најмногу заболени во текот на декември, а во соседен Непал и во Шри Ланка вирусот дури сега почна да се шири.
Брзо ширење на вирусот А(Х1Н1) е забележано во Мароко, во Алжир и во Египет, како и во некои европски земји како Романија, Турција, Украина и Швајцарија, стои во соопштението на организацијата.
„Пандемскиот вирус А(Х1Н1) се уште доминира во европските земји во однос на вирусот на сезонскиот грип, а слично е и во северна Африка и во делови на Азија. Во Јапонија, Кина и Монголија од ноември се регистрирани помал број на заболени. Од октомври бројот на заболени е намален и на двата американски континенти, каде вирусот прв пат е забележан во април минатата година“ сопшти СЗО. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

