Свет
Хемичарот Али осуден на смрт
Али Хасан ал Маџид наречен уште и „Хемичарот Али“ е осуден на смртна казна со бесење затоа што во 1988 наредил напад со гасни бомби врз курдското село Халабија кога се убиени околу пет илјади луѓе, јави ирачката државна телевизија al Iraqia.
Али Хасан ал Маџид наречен уште и „Хемичарот Али“ е осуден на смртна казна со бесење затоа што во 1988 наредил напад со гасни бомби врз курдското село Халабија кога се убиени околу пет илјади луѓе, јави ирачката државна телевизија al Iraqia. Али Хасан ал Маџид го доби прекарот заради многу честото употребување на отровниот гас во акциите кои режимот на Садам Хусеин ги преземаше против курдското население во Ирак. Хемичарот Али е братучед на Садам Хусеин, врз кого веќе беше извршена смртна пресуда заради репресиите и убиствата по бунтот на Курдите која се водела под шифрата „Анфал“ во периoдот од 1987-88 г. Во овие акции биле убиени речиси 180 илјади лица. Садам беше осуден на смрт и за крвавото задушување на шиитската револуција по Заливската војна од 1991 г. и во 1999 г. „Хемичарот“ бешe заробен во август 2003 г., пет месеци откако американските сили извршија инвазија на Ирак и го соборија садамовиот деспотски режим. Тој доби смртна казна во декември 2008 г. за неговата улога во задушување на шиитски бунт по Заливската војна во 1991 година, а друг за неговата вмешаност во убиството и поместување шиитски муслимани во 1999 година. /крај/бе/да
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos

