Контакт

Свет

Ал-Каеда провоцира војна на Индискиот полуостров

Објавено пред

Вашингтон стравува дека може да избувне војна меѓу Индија и Пакистан, предизвикана од Ал-Каеда, пишува во своја анализа рускиот весник „Независимаја газета“

Вашингтон стравува дека може да избувне војна меѓу Индија и Пакистан, предизвикана од Ал-Каеда, пишува во своја анализа рускиот весник „Независимаја газета“.

Според податоци на Пентагон, под чадорот на Ал-Каеда екстремистите дејствуваат не само во Јужна Азија, туку и во други региони, особено во Јемен.

Американскиот државен секретар за одбрана, Роберт Гејтс, кој е во посета на Индија, изјави дека Ал-Каеда се обидува да го дестабилизира јужноазискиот регион, преку инфилтрирани терористички групи.

Според неговите зборови, Ал-Каеда создала „синдикат“, вклучувајќи дел од талибанците од Авганистан и Пакистан, но и припадници на „Армијата на чистите“ – организација лоцирана во Пакистан, која во 2008 година ја превзеде одговорноста за крвавиот напад врз финансиски центар во Мумбаи, Индија.

Нивната цел, според Гејтс, е да испровоцира конфликт меѓу Индија и Пакистан. Мислам дека без претерување може да се заклучи дека трпението на Индија ќе биде исцрпено доколку се случат нови напади“, прогнозира Гејтс.

Според претставници на американската администрација, терористичките организации не се вкоренети само во Азија, туку и на други континенти, како на пример во Африка. /крај/бгнес/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Австрија рекордни 4.453 новозаразени со коронавирус, 29 починати

Објавено пред

Денес во Австрија беше поставен нов рекорден број на нови случаи на коронавирус, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 4.453 нови инфекции.

Исто така забележан е најголем број смртни случаи на дневно ниво – починале 29 лица, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.056.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 94.904 лица биле тестирани позитивно на коронавирус.

Заради драматичното зголемување на бројот на нови пациенти, австриската влада се подготвува да преземе нови мерки и се шпекулира дека може да го следи примерот на соседна Германија и повторно да воведе локдаун, но овојпат „лесна“ варијанта, во која продавниците ќе останат отворени, но не и угостителските објекти.

Прикажи повеќе...

Свет

Хамнеи го критикува Макрон за неговите забелешки за исламот

Објавено пред

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, жестоко го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон во врска со неговите неодамнешни забелешки за исламот, нарекувајќи ги глупави и прашувајќи зошто е во ред да се навредува пророкот Мухамед, но е незаконски да се сомневаш во Холокаустот, пренесува РТ.

Карикатурите на пророкот се сметаат за богохулие од страна на побожните муслимани. Макрон го бранеше објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед како слобода на говорот.

Во изјавата упатена до „младите Французи“ во средата, Хамнеи рече: „Прашајте го вашиот претседател зошто поддржува навреда на божјиот гласник во име на слободата на изразување“.

Тој, исто така, постави прашање во врска со очигледен двоен стандард во Франција кон различни религии. Хамнеи е последниот муслимански лидер кој го изрази својот бес кон западните сфаќања за исламот во војната на зборови што избувна по обезглавувањето на францускиот професор Самуел Пети во Париз на 16 октомври.

Нападот на иранскиот лидер врз Макрон се случува во услови на обновување на напнатоста меѓу Франција и другите арапски нации, откако сатиричното француско списание „Шарли ебдо“ со карикатура на насловната страница го исмеа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој исто така го критикуваше објавувањто на карикатурите на пророкот Мухамед.

Во средата, Малезија стана последната во низата муслимански нации што ги осуди обидите за дефамација на исламот. Лидерите во Турција, Пакистан, Мароко, Иран, Египет, Кувајт, Јордан и Катар се меѓу оние кои го критикуваа Макрон и презедоа мерки, вклучително и бојкот против француските производи.

Прикажи повеќе...

Свет

Ерменските вооружени сили собориле турски дрон во Нагорно-Карабах

Објавено пред

Единиците на силите за противвоздушна одбрана на Нагорно-Карабах собориле турски дрон „бајрактар“  утринава, напиша портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан, на нејзиниот канал на „Телеграм“.

„Единиците за противвоздушна одбрана на Артсак (непризната Република Нагорно) уништија уште еден турски борбен дрон ‘бајрактар’“, рече таа.

Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија избувнаа на 27 септември со интензивни битки во спорниот регион Нагорно-Карабах. Областа доживеа разгорување на насилството летото 2014 година, во април 2016 година и минатиот јули.

Азербејџан и Ерменија воведоа воена состојба и почнаа со мобилизација. Двете страни во конфликтот пријавија жртви, меѓу нив и цивили. Како резултат на консултациите иницирани од Русија во Москва, Баку и Ереван се согласија да прекинат со огнот на 10 октомври за хуманитарни цели за размена на воените затвореници и мртвите. Сепак, примирјето подоцна беше прекршено.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но мнозински населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Од 1992 до 1994 година тензиите зовриваа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии кога Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година под водство на групата од Минск на ОБСЕ, предводена од Русија, Франција и САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој со Брза помош...

Економија2 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија2 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет2 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија4 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија5 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет5 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија5 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија5 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа15 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија16 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија16 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија18 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет19 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија22 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија23 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија23 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија23 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија1 ден

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија1 ден

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Досие