Свет
Над 111.000 мртви во Хаити
Вкупно 111.499 лица загинати и 250.000 се повредени во земјотресот што пред десетина дена го погоди Хаити, соопштија хаитските власти.
Вкупно 111.499 лица загинати и 250.000 се повредени во земјотресот што пред десетина дена го погоди Хаити, соопштија хаитските власти.
Според официјалните податоци, голем дел од повредените се уште чекаат на медицинска помош, а спасувачките екипи стравуваат дека во наредните денови се помала ќе биде шансата да се пронајдат преживеани луѓе под урнатините.Хаитските спасувачи во петокот успеале да извлечат едно 22 годишно момче под урнатините кој во моментов се наоѓа во стабилна состојба.Според податоците вкупно досега се згрижени 610.000 лица во околу 500 ипровизирани кампови, во кои хигиенски услови речиси да нема. Помошта продожува да пристигнува од сите старни на светот./крај/хн/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

