Свет
Либан: Спасувачките служби засега без вести за преживеани
Спасувачките служби почнаа со извлекување на првите тела од местото на уривањето на етиопскиот авион кој со 90 патници и членови на екипажот рано утрово се урна во Средоземното море.
Спасувачките служби почнаа со извлекување на првите тела од местото на уривањето на етиопскиот авион кој со 90 патници и членови на екипажот рано утрово се урна во Средоземното море. Боингот 737 на „Етиопиан ерлајнс“ со 83 патници и седум членови на екипажот исчезна од радарите пет минути по полетувањето од Бејрут кон Адис Абеба при доста нестабилни временски услови. Авионот се урна три и пол километри од брегот, односно на 15 километри јужно од либанскиот главен град. Спасувачките служби, војската и полициската мисија на ООН досега извлекле девет тела. Работата е отежната поради лошите временски услови. Либанските медиуми пишуваат дека е можно некој да го преживеал падот, но засега нема официјална потврда за тоа. Либанскиот претседател Михел Сулејман изјави дека засега нема знаци дека се работи за терористички напад. Во авионот патувале 54 либански државјани, 22 етиопски, и државнјани на Ирак, Сирија, Велика Британија, Русија и Канада. На списокот на патници е и сопругата на францускиот амбасадор во Либан. Според една претпоставка, удар од гром е причината за уривањето на авионот. Очевидци тврдат дека слушнале силен удар и потоа виделе како авионот претворен во огнена топка паѓа на површината на морето. /крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

