Свет
Велика Британија излезе од рецесија
Според податоците од последниот квартал во 2009 година, британската економија забележала раст од 0.1%, што е помалку од очекуваното, но доволно за да се помине границата за излез од рецесија, јавуваат западните медиуми.
Велика Британија излезе од рецесија. Според податоците од последниот квартал во 2009 година, британската економија забележала раст од 0.1%, што е помалку од очекуваното, но доволно за да се помине границата за излез од рецесија, јавуваат западните медиуми.
Британската економија беше во рецесија шест квартали, односно 18 месеци по ред, што претставува најдолг период на рецесија од 1955, кога започна кварталното мерење на економските индикатори.
Еден од знаците на заздравување на економијата е падот на невработеноста по 18 месеци постојано зголемување.Британската економија влезе во рецесија во вториот квартал на 2008 година.
Таа е последна земја од водечките економии која излегува од рецесија. Германија и Франција, двете најголеми европски економии, излегоа од рецесија минатото лето. САД и Јапонија исто така излегоа од рецесија во 2009./крај/бгн/иа/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

