Свет
Пронајден преживеан маж 14 дена по земјотресот во Хаити

Четиринаесет дена по катастрофалниот земјотрес кој го разурна Хаити, група на луѓе успеа да извлече маж од урнатините на една продавница во Порт-о-Пренс.
Четиринаесет дена по катастрофалниот земјотрес кој го разурна Хаити, група на луѓе успеа да извлече маж од урнатините на една продавница во Порт-о-Пренс, јавија светските медиуми.
Откако го извлекле, на помош повикале американски војници кои му ја санирале скршената нога.Рико Дибривел, прекриен во прав и облечен само во долна облека, бил видно дехидриран. Тој бил заробен под урнатините цели 14 дена.
Војската не даде подетални информации за тоа како 35 годишниот маж преживеал, туку само изјави дека тој исчезнал пред две недели./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски разговараше со Мерц: „Ви благодариме за поддршката“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, разговараше со лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и кандидат за германски канцелар Фридрих Мерц и договори понатамошна соработка со него, пренесува Укринформ.
„Добар разговор со лидерот на партијата ЦДУ, која победи на изборите за Бундестагот, Фридрих Мерц. Координирани позиции. Ви благодариме за поддршката. Ние во Украина многу ги цениме напорите на Германија да ја врати европската безбедност и да го заштити животот во Украина“, напиша Зеленски на својот профил на „Икс“.
Тој додаде дека Германија е лидер во снабдувањето на Украина со системи за противвоздушна одбрана и дека игра една од водечките улоги во обезбедувањето на финансиската стабилност на земјата.
Мерц претходно го опиша јавниот судир меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски во Белата куќа како „намерна ескалација“.
„Ова не беше спонтана реакција на интервенциите на Зеленски, туку очигледно намерна ескалација на оваа средба во Овалната соба“, рече Мерц, додавајќи дека Европа е под притисок да реагира брзо.
Мерц истакна дека од клучно значење е да се одржи соработката меѓу ЕУ и САД и дека се уште не планира патување во САД, но дека тоа ќе се случи по формирањето влада во Берлин.
Свет
(Видео) Зеленски: Побаравме официјална информација од Америка за замрзнувањето на воената помош

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски рече дека им наредил на високи членови на неговата влада да контактираат со нивните американски колеги за да добијат официјални информации за суспензијата на американската помош што ја објавија високи претставници на Вашингтон синоќа.
„Денес многумина се прашуваат само едно – што ќе биде со помошта од Америка?“ рече тој во видео порака до украинските граѓани.
„Му наложив на украинскиот министер за одбрана, нашите шефови на разузнавачки служби и дипломати да контактираат со своите колеги во САД и да добијат официјални информации“, рече тој.
Зеленски, исто така, повтори делови од неговата претходна изјава, велејќи дека никој не сака „бескрајна војна“ и дека „нормалните, партнерски односи со Америка се важни“.
Тој повторно се заблагодари на Америка и на американскиот народ за досегашната помош.
„Знаеме дека Русите не ги променија своите позиции и барања во однос на Украина – тие ќе бараат намалување на нашата војска, ќе сакаат да се откажеме од нашите територии и ќе сакаат значителна политичка деформација на Украина заедно со слабеење на украинската уставност“, рече тој.
„Ќе кажам дека се’ додека сите ние во Украина стоиме заедно и силни, додека сме тука, тие нема да успеат – мирот ќе биде достоинствен“, додаде Зеленски.
Претходно украинскиот лидер, на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека Украина е подготвена да почне мировни преговори под водство на САД, како и да стави потпис на договорот за минералите.
Свет
Џеј Ди Венс: Не е вистина дека притисокот врз Украина е поголем од оној врз Русија, во интерес на сите е војната да заврши

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, рече дека и тој и претседателот Доналд Трамп остануваат оптимисти за постигнување договор за минерали со Украина и покрај навидум растечкиот јаз меѓу САД и Украина.
„Да, јас секако верувам дека е така“, рече Венс на Капитол Хил на прашањето дали верува дека сè уште може да се постигне договор за минерали.
„И мислам дека претседателот се уште е посветен на тој договор“, додаде.
Неговиот одговор доаѓа само неколку дена по напнатата средба во Овалната соба меѓу него, Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Америка преку ноќ ја прекина воената помош за Украина.
Венс рече дека Трамп се обидува да испрати „многу јасна порака“ со задржување на помошта за Украина.
„Сметаме дека украинските војници се бореа исклучително храбро, но дојдовме до точка каде што ниту Европа, ниту Соединетите Американски Држави, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време, па затоа е важно сите да седнат на маса и претседателот да се обидува да испрати многу јасна порака“, им рече Венс на новинарите.
Венс разговараше со новинарите и за одлуката на САД да ја прекине воената помош.
Тој рече дека САД треба „да добијат одредена компензација за неверојатната финансиска инвестиција што ја направија во Украина“ и додаде дека европските земји добиваат компензација за нивната поддршка.
„Па, навистина е смешно и, искрено, навреда за американскиот народ, што Европејците имаат подобар договор од американскиот народ“, вели Венс.
На прашањето дали САД би можеле да продолжат со воена помош за Украина, Венс рече дека штом Киев ќе почне да преговара, „сè е на маса“.
Тој вели дека за да оди напред, Украина треба приватно да им каже што и треба: „Тоа е најважно, а тоа што најмногу не загрижува е недостатокот на приватен ангажман“.
Новинар го праша како го коментира тоа што има огромен притисок врз Украина, но не и врз Русија, во контекст на убедувањето на двете земји да седнат на маса и да преговараат за крај на војната.
Таа го праша дали размислува за воведување дополнителни санкции врз Русија за да изврши притисок врз неа да преговара за мир што е можно поскоро.
„Мислам дека тоа не е точно. Сè уште има бројни санкции кон Русија. Ние веруваме дека Русија страда економски поради оваа војна. Сметаме дека е во најдобар интерес на Русија, но и на Украина и Америка, оваа војна да заврши. Сметаме дека треба да се изврши притисок на сите страни за да се запре убивањето“, рече.