Свет
Бразилскиот претседател наместо во Давос заврши во болница
Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва бил префрлен во болница откако му се слошило за време на неговиот лет кон Давос.
Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва бил префрлен во болница откако му се слошило за време на неговиот лет кон Давос.
Претседателот требаше да учествува на Светскиот економски форум, но авионот во кој се превезувал Да Силва, бил принуден да се врати во градот Ресифе, а претседателот бил хоспитализиран поради висок крвен притисок.
Претседателот ја помина ноќта под лекарски надзор и утринава се чувствува подобро по што е пуштен на домашно лекување, соопштија извори од неговиот кабинет.
Бразилскиот претседател на форумот во Давос требаше да ја прими наградата Global Statesmanship Award./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.
Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице е исчезнато
Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно изгаснат, соопшти националната противпожарна агенција во понеделник.
Околу 175 жители на округот Саганосеки во градот Оита, околу 770 км југозападно од Токио, избегаа во засолништа за итни случаи откако пожарот избувна вчера околу 17:40 часот (08:40 GMT), соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.
Едно лице сè уште се води како исчезнато додека причината за пожарот се истражува, соопшти Агенцијата. Локалните медиуми објавија дека пламените јазици се прошириле и на блиските шумски ридови.
Јапонскиот премиер Санае Такаичи во објава на Икс изјави дека е испратен воен хеликоптер за гаснење на пожарот на барање на гувернерот на префектурата Оита.

фото: принтскрин
Свет
Пет туристи загинаа во снежна бура во Чиле: двајца Германци, двајца Мексиканци и еден Британец
Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле, во која загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи Германци, Британци и Мексиканци.
Една од жртвите е жена која им подлегна на повредите откако беше евакуирана, објави локалниот телевизиски канал Т13.
Според официјален претставник од покраината Ултима Есперанца, Гилермо Руиз, спасувачите првично се упатиле кон пронаоѓање на седум туристи, но лошите временски услови им ги попречувале напорите.
Во меѓувреме, пристигна вест дека се пронајдени четири лица и дека се наоѓаат на најмалку четири часа пешачење од најблискиот пат.
Туристите исчезнаа во регионот Патагонија, во кампот Лос Перос, до кој може да се стигне само пеш по непристапна патека.
Областа беше погодена од снежна бура со ветрови со брзина од над 193 километри на час. Сè уште не е јасно од која земја се туристите, според Ројтерс.
Националниот парк Торес дел Пајне се простира на повеќе од 1.800 квадратни километри и го посетуваат стотици илјади туристи годишно.
фото: принтскрин

