Свет
ЕК во 2010 година на НВО секторот ќе им додели 6,7 милиони евра

Европската комисија во 2010 година ќе плати 6,7 милиони евра субвенции на група од тинк-тенкови и невладини организации, пишува „Обзервер“, од Брисел.
Европската комисија во 2010 година ќе плати 6,7 милиони евра субвенции на група од тинк-тенкови и невладини организации, пишува „Обзервер“, од Брисел.
Со оваа одлука ќе бидат опфатени 58 организации, а меѓу нив и такви како бриселската позната група за дебата „Кафе Бабел“ и Центарот за европска политика, како и помалку популарни организации, специјализирани во определени области, како што е Европскиот параолимписки комитет.
Најголеми субвенции ќе добијат Платформата на социјални невладини организации од Европа (700.000 евра), асоцијацијата „Наша Европа“ (605.000 евра) и Европскиот совет за бегалци и прогонети (500.000 евра).
Сумите, што ќе бидат доделени на сите овие организации се дел од поголем финансиски пакет од 30 милиони евра, доделен на одделот за образование и култура на Европската комисија, кој финансира проекти за популаризирање на вредностите на ЕУ и за запознавање на обичните луѓе со политиката.
Според некои политички аналитичари средствата им се доделуваат на тинк-танкови и организации што редовно ја фалат работата на ЕУ. Такво мислење изрази и Питер Клеп од евроскептичниот британски тинк-танк „Отворена Европа“.
Според него организациите, кои добиваат такво финансирање, не упатуваат критики, кои ЕК ги заслужува со своето дејствување. /крај/бд/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индиската армија објави пропагандно видео за време на нападот

Индија синоќа изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир, а Исламабад одговори со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони, во најсериозниот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните дваесет години.
Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со „терористичка инфраструктура“.
Пакистан, од друга страна, тврди дека биле нападнати шест локации, дека осум лица се убиени, а 35 се ранети, додека двајца се водат како исчезнати.
"प्रहाराय सन्निहिताः, जयाय प्रशिक्षिताः"
Ready to Strike, Trained to Win.#IndianArmy pic.twitter.com/M9CA9dv1Xx— ADG PI – INDIAN ARMY (@adgpi) May 6, 2025
Индиската армија објави пропагандно видео на Икс во времето на нападот, на кое беа прикажани снимки од воени вежби и оружје на индиската армија. Гласот на снимката му кажува на непријателот дека ќе го најдат и ќе го уништат.
Свет
Индиски министер: Светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот

По индиските напади врз она што властите го опишаа како „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар изјави на платформата Икс дека „светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот“.
The world must show zero tolerance for terrorism. #OperationSindoor pic.twitter.com/dmcCLfbMjN
— Dr. S. Jaishankar (@DrSJaishankar) May 7, 2025
Да потсетиме, Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир, а Исламабад одговори со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони, во најсериозниот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните дваесет години.
Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со „терористичка инфраструктура“.
Пакистан, од друга страна, тврди дека биле нападнати шест локации, дека осум лица се убиени, а 35 се ранети, додека двајца се водат како исчезнати.
Индиски извор од одбраната за Ројтерс изјави дека целите биле штабовите на екстремистичките групи Џаиш-е-Мохамед и Лашкар-е-Таиба.
Свет
Индија: Не гаѓавме пакистански цивилни, економски или воени цели

Индија ја бранеше својата воена операција во Пакистан, велејќи дека нападите биле „фокусирани и прецизни“ и дека не биле погодени цивилни, економски или воени цели во Пакистан.
„Акциите беа одмерени, одговорни и дизајнирани да не доведат до ескалација“, соопшти индиската амбасада, додавајќи: „Беа цел само познати терористички кампови“.
Од друга страна, пакистански извори тврдат дека во нападите загинале најмалку осум цивили, вклучувајќи жени и деца, и дека три индиски борбени авиони и еден дрон биле соборени на локации на индиска територија. Си-ен-ен не можеше независно да ги потврди овие тврдења.
Во соопштението на индиската амбасада се вели дека „јасно е дека терористите со седиште во Пакистан се одговорни за нападот од минатиот месец во Кашмир“, во кој загинаа 26 лица, претежно туристи. Наместо да дејствува против одговорните, Пакистан, тврди Индија, ја негираше одговорноста и го обвини Њу Делхи за организирање на нападите.