Свет
Неформален состанок на министрите на НАТО во Истанбул
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре ќе присуствуваат на неформалниот состанок во Истанбул, на кој ќе разговараат за повеќе прашања од агендата на Алијансата.
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре ќе присуствуваат на неформалниот состанок во Истанбул, на кој ќе разговараат за повеќе прашања од агендата на Алијансата.Се очекува фокусот на средбата да бидат прашањата за иднината на мисиите во Авганистан и Косово како и за трансформација на одбраната во овие земји.Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, оваа недела изјави дека сеуште недостасуваат 20-ина тренинг тимови за обучување на авганистанската армија. Според него недостаток има и од околу 100 тимови за обучување на авганистанската полиција. Со оглед на тоа што обуката е важна инвестиција во трансформацијата, ќе продолжам да лобирам за повеќе тренинг тимови-истакна Расмусен.На неформалниот состанок ќе стане збор и за имплементацијата на плановите усогласени на конференцијата за Авганистан, одржана во Лондон./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.