Свет
Тојота повикува на сервис 200.000 Приуси во Јапонија
Јапонскиот производител Тојота повикува 200.000 хибридни автомобили Приус од Јапонија за да го модифицира софтверот што се користи во системот за сопирање (АБС), а во вторник властите треба да ги соопштат плановите за можно повлекување на Приус и од САД.
Јапонскиот производител Тојота повикува 200.000 хибридни автомобили Приус од Јапонија за да го модифицира софтверот што се користи во системот за сопирање (АБС), а во вторник властите треба да ги соопштат плановите за можно повлекување на Приус и од САД.
Од компанијата најавуваат дека претседателот на Тојота, Акио Тојота во текот на денот ќе одржи прес конференција за новинарите во седиштето на фирмата во Токио на која ќе ги објави плановите за повлекувањето на Приус, најпродаваниот бензинско-електричен хибрид во светот.
Вкупниот број на повлечени автомобили за сервис во светот може да достигне и до 436.000, јавува Ројтерс повикувајќи се на документ кој се уште не е објавен.
Според тоа, од Јапонија ќе бидат повлечени за сервис 223.000 возила, а во остатокот од светот 213.000 автомобили, од кои 150.000 во Северна Америка.
Новиот хибридни Приус во Јапонија и САД почна да се продава во мај минатата година. Повеќе од 170.000 нови Приуси се продадени досега во Јапонија, а околу 103.000 во САД. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

