Свет
Затворена највисоката зграда во светот
Највисоката зграда во светот Бурџ Калифа во Дубаи од денеска е затворена за туристи, јавија светските медиуми.
Највисоката зграда во светот Бурџ Калифа во Дубаи од денеска е затворена за туристи, јавија светските медиуми.
Портпаролот на оваа туристичка атракција, соопшти дека опсерваторијата, што се наоѓа на 124 кат на Бурџ Калифа од денеска нема да биде достапна за посетителите.
Причина за затворањето, според портпаролот на опсерваторијата, се технички проблеми со струјното напојување на лифтовите, но и преголемиот интерес кај туристите кои со часови чекаат ред за да го посетат највисокото здание на светот.
За изградбата на кулата, висока 828 метри и која е во сопственост на Емар Пропертис беа потрошени околу 1,5 милијарди евра. Бурџ Калифа името го доби по претседателот на Обединети Арапски Емирати./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степена според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7.37 часот.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.
Свет
Двајца скијачи загинаа во лавина во САД, третиот успеал да се ископа од снегот
Откако вчера започна лавина во планините покрај Солт Лејк Сити, Јута, двајца скијачи загинаа, додека властите успеаја да спасат трет со хеликоптер.
Несреќата се случила во близина на Лон Пик, каде неодамна паднаа над 76 сантиметри снег. Центарот за лавина во Јута (UAC) ја потврди смртта на двајца мажи. Спасувачите досега не можеа да стигнат до нивните тела поради небезбедни услови. Центарот наведува дека фаталните лавини се ретки во овој период од годината.
Спасувачите со хеликоптер стигнале на местото на несреќата во кањонот Литл Котонвуд и потврдиле дека двајца скијачи загинале, пишува Би-би-си.
Третиот скијач успеал да се ископа од лавината и бил пренесен во болница. Имињата на загинатите мажи се уште не се објавени, но станува збор за скијачи на возраст од 23 и 32 години. Едниот бил од Јута, додека другиот пристигнал да скија од друга американска држава.