Свет
Триесет мртви во лавина во Авганистан
Најмалку 30 лица загинале, а повеќе од 70 останале заробени и повредени во возила во планински тунел во Авганистан, објави авганистанското министерство за одбрана.
Најмалку 30 лица загинале, а повеќе од 70 останале заробени и повредени во возила во планински тунел во Авганистан, објави авганистанското министерство за одбрана.Во последните неколку дена, лавините го блокираа влезот на 2,6 км долгиот тунел Саланг, кој се наоѓа на главниот пат кој ги поврзува главниот град Кабул и Мазар-и-Шариф на северот на земјата, а поминува низ опасни превои низ планината Хиндикуш на 3.400 метри надморска височина, јавува Ројтерс.„Од понеделникот попладне, блокирани се околу 1.500 луѓе, повеќе од 70 се повредени, а 30 се мртви,“ стои во соопштението на министерството за одбрана.Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, изрази жалење за несреќата и им нареди на властите да направат се што можат за тунелот повторно да биде отворен./крај/хи/ко/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград, удри студент и го носеше на хауба
Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија дека денеска за време на нивната акција на улицата Караѓорѓева возило ја пробило блокадата, удрило во студентот и го носело на хаубата.
По тој инцидент, соопштија, жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е пренесен во болница, пренесува Нова.рс.
„Студентот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба. Сведоците дадоа исказ во полициска станица“, велат студентите.
Свет
СЗО: Работник на ОН тешко повреден во израелски напад врз Јемен
Вчера во израелски воздушен напад на главниот аеродром во Јемен е ранет работник на ОН и со сериозни повреди е пренесен на лекување во Јордан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Израелските власти соопштија дека погодиле повеќе цели поврзани со Хутите, јеменско движење на страната на Иран, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во главниот град Сана, а медиумите на движењето наведуваат дека најмалку шест лица се убиени.
Today we managed to evacuate our @WFP_UNHAS colleague who was injured in yesterday’s attack on Sana’a airport in #Yemen. We are now in #Jordan, where he will receive further medical treatment.
Deepest gratitude to the UNHAS team for their service and swift evacuation from… pic.twitter.com/ut8tWIrZ74
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) December 27, 2024
„Нападите врз цивили и хуманитарци мора да престанат, насекаде“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во објавата на Икс, покрај фотографија во авион од повредениот човек на носилка.
Тедрос беше на аеродромот и чекаше да замине кога се случи воздушното бомбардирање, при што беше повреден човек кој работеше за хуманитарната воздушна служба на ОН. Портпаролот на СЗО изјави дека мажот е тешко повреден.
Шефот на СЗО потврди дека тој и персоналот на ОН сега се во Јордан.
Мажот беше успешно опериран, а потоа евакуиран на понатамошно лекување, изјави Тедрос.
Тој беше во Јемен за да преговара за ослободување на притворениот персонал на ОН и да ја процени хуманитарната ситуација.
Европа
(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус
Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.
A topless woman attempted to steal a figurine of Jesus in the Vatican The incident took place at St. Peter's Square
A Femen activist climbed over a barrier and tried to take the figurine from the Nativity scene. Security personnel detained the woman. Femen explained that the… pic.twitter.com/ItYppMbRva
— NEXTA (@nexta_tv) December 27, 2024
Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.
Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.
Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.