Свет
Ирак протера обезбедувачи од ЦИА
Ирак нареди протерување во рок од три дена на 250 поранешни припадници на американската фирма за обезбедување „ Blackwater“.
Ирак нареди протерување во рок од три дена на 250 поранешни припадници на американската фирма за обезбедување „ Blackwater“. Налогот стигна откако суд во САД го отфрли обвинението со кое петмина обезбедувачи беа обвинети за убиство на 17 Ирачани во Багдад. Ирачкиот министер за внатрешни работи соопшти дека налогот се однесува на сите оние што како обезбедувачи работеле во време на нередите. ЦИА во 2004-та година ја ангажираше корпорацијата Blackwater за да учествува во пронаоѓање и елиминирање на истакнати припадници на Ал-Каеда. За нејзините услуги од американскиот буџет беа одвоени неколку милиони долари. Blackwater ги криеше деталите од договорот со американските власти цели седум години. Неодамна, корпорацијата го смени своето име во Xe Services. /крај/бета/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Професор од Киев: Нема знаци за мир во Украина
Професор од Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, разговараше со Н1 за ситуацијата во Украина.
Максим Камењецки наведува дека настаните на фронтот се загрижувачки: „Со релативно нова тактика кога Русите се обидуваат да го направат она што го прават во Херсон, тие уништуваат град со цивили. Тие се обидуваат да ја пренесат оваа практика во други големи градови што не можат да ги освојат, во близина на фронтот каде што противракетните системи не се ефикасни – зборувам за Харков, Днепар, Запорожје, Одеса. Русите насочуваат балистички крстосувачки ракети кон градовите и таму е исклучително тешко. Изгледа доста драматично.“
„Володимир Зеленски рече дека ова е најтешката зима за Украина. Русите ќе го таргетираат енергетскиот сектор. Кога Русите ќе го погодат преносниот капацитет, дури и нуклеарните централи во западна Украина мора да бидат затворени бидејќи електричната енергија треба да се троши или да престане да се произведува. Русите чекаат температурите да паднат, тие се енормно високи за ова време од годината. Греењето е вклучено. Штом температурите паднат, Русите ќе се префрлат на централите што произведуваат топла вода за централно греење со цел да создадат невозможни услови за живот, тоа е нивната цел“, вели професорот.
На прашањето, дали има знаци за мир во Украина, тој одговори негативно.
„Досега нема. Нема такви знаци“, одговара професорот.
Свет
Дали Хутите конечно престанаа да напаѓаат бродови?
Јеменските бунтовници Хути сигнализираа дека ги прекинале нападите врз Израел и бродовите во Црвеното Море, додека во Појасот Газа се почитува кревкото примирје, објави АП.
Најјасниот сигнал за прекин на нападите дојде во писмото до Бригадите Ал-Касам на Хамас, објавено доцна синоќа.
„Внимателно ги следиме случувањата и изјавуваме дека ако непријателот продолжи со својата агресија врз Газа, ќе се вратиме на нашите воени операции длабоко во ционистичкиот ентитет и повторно ќе ја воведеме забраната за израелски бродови во Црвеното и Арапското Море“, се вели во писмото.
Сепак, Хутите официјално не потврдија дека нивната кампања во регионот е прекината.
Од крајот на 2023 година, Хутите извршија повеќе од сто напади врз трговски и товарни бродови, тврдејќи дека дејствуваат во поддршка на Палестинците во Газа. Бродови поврзани со западните земји и Израел исто така беа цел на напади, што ги прекина глобалните транспортни правци и ги зголеми трошоците за транспорт на стоки.
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници постојано извршуваа воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, а Вашингтон ја преименуваше групата во странска терористичка организација на почетокот на 2025 година.
фото: принтскрин
Европа
ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин

