Свет
Патрик Кенеди се повлекува од политиката

Американскиот конгресмен Патрик Кенеди, син на неодамна починатиот сенатор Тед Кенеди, објави дека нема да се кандидира за нов мандат во Претставничкиот Дом.
Американскиот конгресмен Патрик Кенеди, син на неодамна починатиот сенатор Тед Кенеди, објави дека нема да се кандидира за нов мандат во Претставничкиот Дом. „Татко ми ме научи на сериозна ангажираност кон општеството“, изјави Кенеди. „По две децении во политиката, животот ми се движи во нова насока и нема да се кандидирам за нов мандат оваа година“, изјави тој. За прв пат, Кенеди беше избран за член на Претставничкиот дом во 1994 година и оттогаш лесно победува во државата Лонг Ајленд. Со повлекувањето на Патрик, американскиот конгрес за прв пат по 1962 година ќе остане без член од семејството Кенеди. Неговиот татко Едвард Кенеди, кој е брат на убиениот претседател Џон Кенеди, таа година стана најмладиот сенатор во САД. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Тело на маж е пронајдено на плажа во Англија; Полицијата: По потекло e од Хрватска или БиХ

Телото на мажот пронајдено на плажа во декември сè уште не е идентификувано, соопшти британската полиција.
Детективите апелираат за помош од јавноста за да се идентификува маж чие тело беше пронајдено нешто пред 12 часот по локално време на 28 декември минатата година на плажата Лилсток во Сомерсет. Телото на мажот било во вода меѓу еден и пет дена.
Полицијата претпоставува дека мажот е по потекло од Хрватска или Босна и Херцеговина, но не објасни зошто. „Спроведуваме опсежни истраги, вклучително и форензички и ДНК проценки, за да се обидеме да го идентификуваме човекот, но сè уште не сме во можност да го сториме тоа“, рече инспекторот Џорџ Петингел.
Неидентификуваниот маж е опишан како бел, со крупна градба, со избричена глава, на возраст меѓу 40 и 50 години. Носел црна јакна, црн џемпер, црвени панталони и црни патики Најк кога бил пронајден.
„Ние тесно соработуваме со соседните сили и со судскиот вештак додека се обидуваме да откриеме кој е тој и да ги известиме членовите на семејството“, изјави Петингел. Полицијата побара од секој кој има информации кои би можеле да помогнат да се идентификува, да се јави.
Европа
ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи се на три дипломатски извори запознаени со плановите на Брисел. Царините на американскиот претседател, за потсетување, стапија на сила утрово.
ЕУ веќе има подготвен пакет контрамерки, кој датира од првиот мандат на Трамп, а вклучува царини за познатите американски производи како мотоциклите Харли-Дејвидсон, бурбонот и фармерките. Овие мерки треба автоматски да стапат во сила на крајот на месецот. Сепак, како што наведуваат изворите на Политико, ЕУ најверојатно ќе оди чекор понатаму.
Како заеднички пазар од 450 милиони луѓе, ЕУ сака да испрати јасна порака дека е подготвена да ги брани своите економски интереси доколку Трамп ја засили трговската војна, наведува Политико.
Трансатлантската трговија, вредна 1,7 трилиони долари, беше клучна за просперитетот на Западот по Втората светска војна. Но, како што пишува Политико, Трамп, незадоволен од трговскиот дефицит на САД, гледа на тарифите како начин да ја принуди индустријата и работните места да се вратат во Америка.
Иако царините најмногу ќе ги погодат Канада и Мексико, ЕУ е трет по големина снабдувач на челик во САД и нема да биде поштедена. Брисел е загрижен и за можните „одмазднички“ царини кои би можеле да ги погодат европските автомобили, фармацевтската индустрија и прехранбениот сектор.
Царините стапија на сила на полноќ според Вашингтон. Дипломатите ќе разговараат за можниот одговор на утринската средба.
ЕУ со недели гласно сигнализира дека е подготвена да одговори на „неоправданите царини“. Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ завчера изјави дека Унијата е подготвена „да ги заштити своите компании, работници и потрошувачи“.
„Не можеме повеќе да се потпираме на САД – тоа е новата реалност. Затоа мораме силно да возвратиме, тоа е единствениот лек“, изјави еден европски дипломат за Политико.
Шефчовиќ минатиот месец го посети Вашингтон во обид да отвори дијалог и да избегне трговски конфликт, но заклучи дека администрацијата на Трамп не е заинтересирана. „На крајот на краиштата, едната рака не може да плеска“, рече тој.
Како што пренесува Политико, овој пат ЕУ подготвува посилен одговор отколку на царините на Трамп од 2018 година.
„Одмаздничките мерки на ЕУ се очекува да бидат посилни од претходните“, изјави друг дипломат за Политико, но додаде дека Европската комисија внимателно ги чува деталите за царините и временската рамка за нивно спроведување.
Одмаздата на ЕУ нема да биде веднаш. Пакетот од 2018 година автоматски ќе стапи на сила на 31 март, освен ако Брисел не одлучи да го продолжи неговото замрзнување. Новите или проширените царини ќе мора да бидат подложени на дополнително одобрување од национални експерти пред да стапат на сила.
Свет
(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во знак на поддршка за главниот извршен директор на производителот на електрични автомобили и неговиот сојузник Илон Маск.
Акциите на „Тесла“ се зголемија за речиси 4% во вторникот, враќајќи се од најголемиот еднодневен пад во последните четири и пол години претходниот ден. Претседателот Трамп се појави со Маск во Белата куќа за да избере нова „Тесла“ за неговиот персонал.
Активистите неодамна ги организираа таканаречените „Протести за рушење на Тесла“ за да го изразат незадоволството од улогата на Маск во огромното намалување на федералната работна сила наредено од Трамп и откажувањето на договорите за финансирање за хуманитарни програми ширум светот. Маск, најбогатиот човек во светот, раководи со Одделот за владина ефикасност (DOGE) во администрацијата на Трамп.
„Тие ѝ штетат на големата американска компанија“, рече Трамп во Белата куќа, мислејќи на демонстрантите.
„Да ви кажам, ако го направите ова на Тесла, и ако го направите ова на која било компанија, ќе ве фатиме и… ќе поминете низ пеколот“, додаде американскиот претседател, придружуван од Илон Маск, стоејќи покрај неколку паркирани автомобили на Тесла.
Портпаролот на Белата куќа Харисон Филдс рече дека „грозоморните акти на насилство врз Тесла од страна на радикалните левичарски активисти не се ништо помалку од домашен тероризам“.
Околу 350 демонстранти демонстрираа пред застапништвото за електрични возила на „Тесла“ во Портланд минатата недела, додека девет лица беа уапсени за време на бурните протести пред застапништвото на „Тесла“ во Њујорк на почетокот на март.
Исто така, имаше извештаи во медиумите за вандализам врз возилата и салоните на „Тесла“ кои се под истрага. Групата која соопшти дека го организира „Протестот за рушење на Тесла“ во изјава на социјалната мрежа „Блускај“ одговори дека е мирољубива и се спротивставува на насилството.