Свет
Отворањето на зимската олимпијада затемнетo од смртта на спортистот
Смртта на грузискиот лизгач со санка, Нодар Кумириташвили само неколку часа пред официјалното отворање на 21-те Зимски олимписки игри во ВанкуверМакедонија на Зимската олимпијада е преставувана од тројца спортисти, Антонио Ристевски, Росана Кировска и Дарко Дамјановски./крај/снн/сл
Смртта на грузискиот лизгач со санка, Нодар Кумириташвили само неколку часа пред официјалното отворање на 21-те Зимски олимписки игри во Ванкувер, фрли темна дамка на самата олимпијада.
Кумириташвили на тренингот изгубил контрола над санката и се удрил со голема брзина во металната шипка пред самиот крај на патеката. Медицинските екипи не успеале да го спасат 21-годишниот спортист и тој починал во болница.
Седумчлената делегација на Грузија на самото отворање на олимпијадата носеше црна лента на рацете а исто така и црна лента беше поставена и на грузиското знаме во дефилето.
Грузиската делегација доби громогласен аплауз од 60 илјадната публика во БС плејс, а некои од нациите кои учествуваат, во знак на солидарност исто така носеа црна лента.
На огромните видео бимови беше испишано дека церемонијата е посветена на Кумириташвили Отворањето на Зимската олимпијада започна со сноубордер кој скокаше низ огромните олимписки кругови во првиот затворен стадион за дна олимпијада.
Канадските пејачи Нели Фуртадо и Брајан Адамс а Сара Меклхахан заедно со танчерите од балетот во Алберта направија спектакл. Додека делегациите дефилираа, индогените малцинства кои живеат во Канада, танцуваа на музиката, да на самиот крај хокеј легендата Вејн Грецки го запали олимпискиот оган и со тоа да го означи почетокот на зимската олимпијада во Ванкувер.
Имаше мал пропуст во организацијата при палењето на огнот, кога едно од четирите џиновски дрва од олимпискиот оган кое требаше да го запали Катриона Лимеј Дома не сакаше да се запали.
Новитет на оваа олимпијада беше што дефилето на нациите се случи на самиот почеток на церемонијата а не во вториот дел од манифестацијата.
Македонија на Зимската олимпијада е преставувана од тројца спортисти, Антонио Ристевски, Росана Кировска и Дарко Дамјановски./крај/снн/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош
Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од студ поради тешките зимски услови и го повика Израел да ја ублажи блокадата на хуманитарната помош, додека, како што наведуваат, воените дејствија продолжуваат и покрај примирјето.
МСФ соопшти дека во јужниот дел на Газа, во Кан Јунис, од тешка хипотермија починало прерано родено бебе на 29 дена, истакнувајќи дека зимата во комбинација со исклучително лошите животни услови значително ги зголемува здравствените ризици, пренесе Ал Џезира.
Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на смртни случаи поради екстремните временски услови достигнал 13, додека претходно оваа недела од студ починало и двонеделно бебе поради недостаиг на соодветно засолниште и облека.
Шефот на педијатриско-акушерското одделение во Медицинскиот комплекс „Насер“ Ахмед ал-Фара предупреди дека хипотермијата е исклучително опасна за новороденчињата и дека доколку на семејствата во шаторите не им се обезбедат средства за греење и соодветно сместување, бројот на смртни случаи ќе расте.
МСФ наведува дека бележи висок пораст на респираторни инфекции, кои во текот на зимата би можеле дополнително да се шират, особено загрозувајќи ги децата под пет години.
Во последните недели Газа се соочува со обилни врнежи, силни ветрови и ниски температури, при што повеќе од 53.000 шатори, кои служат како привремено сместување за раселените лица, се оштетени или уништени.
Поради уништената инфраструктура, улиците брзо се поплавуваат, а канализацијата се излева, додека семејствата се принудени да се засолнат во делумно урнати објекти.
Обединетите нации наведуваат дека Израел и натаму спречува испорака на шатори, ќебиња и други основни потреби, додека околу 55.000 семејства претрпеле штета за време на невреме, а оштетени се и просторите наменети за деца, што погодило околу 30.000 деца.
Организацијата „Refugees International“ оцени дека хуманитарната помош во Газа пристигнува во минимални количини, делумно поради списокот на „контролирани предмети“, кој, според наводите, вклучува и основни потреби како пелени, завои и шатори.
Свет
Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија
Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти.
Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот на Индиските железници, Капинџал Кишор Шарма.
Пет вагони и локомотивата излетале од шините по сударот, но немало човечки жртви.
Ветеринари извршиле обдукција на угинатите слонови, кои дополнително треба да бидат погребани.
Местото на несреќата е шумско подрачје на околу 125 километри југоисточно од главниот град на Асам, Гвахати.
Возот „Раџдани експрес“, кој сообраќал од Саиранг во државата Мизорам која се граничи со Мјанмар, бил на пат кон главниот град Њу Делхи со 650 патници кога удрил во слоновите.
Сударите на возови и диви слонови не се ретки во Асам, каде што живеат околу 7.000 диви азиски слонови, што претставува една од најголемите концентрации во Индија. Од 2020 година, најмалку десетина слонови биле убиени на овој начин.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.

