Свет
Путин му честиташе на Јанукович
Рускиот премиер Владимир Путин му ја честиташе изборната победа на новиот украински претседател Виктор Јанукович.
Рускиот премиер Владимир Путин му ја честиташе изборната победа на новиот украински претседател Виктор Јанукович.
„Можеме да му честитаме на Виктор Јанукович на неговата победа. Тој и официјално е прогласен за победник“, изјави Путин на прес – конференција во Москва.
Путин внимателно ги дочека официјалните резултати за да не ја повтори грешката од 2004 година, кога предвреме му упати честитки на Јанукович.
Изборите во 2004 година беа иницијална каписла за масовните протести кои беа наречени „портокалова револуција“.
Тогаш претседател на Украина стана Виктор Јушченко, а Путин, кој беше претседател на Русија, беше нашироко критикуван што му честиташе на Јанукович.
Според официјалните резултати на Државната изборна комисија на Украина, Јанукович освоил 48,95 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Јулија Тимошенко 45,47 отсто од гласовите. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

