Свет
Ахмадинеџад со силна поддршка за Хезболах
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека доколку Израел изврши нов напад врз либанското движење Хезболах треба да се одговори со иста мерка и еднаш за секогаш да стави
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека доколку Израел изврши нов напад врз либанското движење Хезболах треба да се одговори со иста мерка и еднаш за секогаш да стави крај на оваа приказна.
Во телефонскиот разговор со лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, Ахмандинеџад ја повтори силната поддршка што Иран му ја дава на либанското движење кое е честа мета на напади од страна на израелците.
„Доколку Израел ја повторат грешката од минатото, тогаш таа приказна треба да се заврши еднаш за секогаш и целиот регион да се ослободи од тоа зло“изјави Ахмадинеџад.
Иран е единствената држава од регионот на Блискиот исток која го подржува исламското движење Хезболах.
Иранските власти, порано оваа недела соопштија дека нема да седат со скрстени раце доколку Израел започна воена офанзива против Техеран./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанско Министерство за здравство: Најмалку осум загинати и 59 ранети во израелскиот напад
Во денешниот воздушен напад на израелската армија на периферијата на Бејрут загинаа најмалку осум лица, а 59 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
Израелската војска претходно денеска соопшти дека извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека е погодено јужно предградие на Бејрут и дека цел бил лидер на Хезболах.
Нападот погодил локации во близина на клучни објекти што ги користи Хезболах, објави британската агенција, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори во Либан.
Свет
Њујорк Тајмс: Харис потроши 20 пати повеќе пари на реклами од Трамп за време на дебатната недела
Американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис потроши 20 пати повеќе пари за рекламирање на социјалните мрежи отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп за време на дебатната недела, објави денеска Њујорк Тајмс.
Харис наводно потрошила 12,2 милиони долари на рекламирање на Фејсбук и Инстаграм за време на дебатната недела, додека Трамп потрошил нешто повеќе од 611.000 долари.
Претседателската дебата се одржа на телевизијата ABC на 10 септември, а Трамп, иако го оцени својот настап како „најдобар досега“, одби да учествува на следната.
Свет
Хезболах лансира ракети врз северен Израел
Хезболах лансира 140 ракети кон северниот дел на Израел, само еден ден откако лидерот на екстремистичката група, Хасан Насрала, најави одмазда за серијата експлозии во Либан во последните три дена.
Израелската армија објави дека ракетите паднале во три брана во петокот попладне, а цел биле места по должината на разурнатата граница со Либан, пренесува „Јутарњи“.
Хезболах соопшти дека цели биле неколку места по должината на границата со ракетите „Катјуша“, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана, како и штабот на израелската оклопна бригада, која, според нив, била првиот погоден, пренесува „Н1 Загреб“.
Хезболах рече дека ракетите биле како одмазда за израелските напади врз села и домови во јужен Либан.