Свет
Најдобар јавен превоз има Минхен, а најлош Загреб
Најдобар јавен превоз во Европа има Минхен, додека Загреб се наоѓа на последното место на тестот спроведен од Меѓународна автомобилска федерација (ФИА), спроведен во 23 држави.
Најдобар јавен превоз во Европа има Минхен, додека Загреб се наоѓа на последното место на тестот спроведен од
Меѓународна автомобилска федерација (ФИА), спроведен во 23 држави.
На второ место на табелата по квалитетот на градскиот превоз се најде Хелсинки, пред Виена и Прага.
Петтата позиција ја зазеде Хамбург, по што следат Копенхаген, Франкфурт, Барселона, Лајпциг и Келн.
Покрај Загреб, на дното на табелата се најде и словенечкиот главен град Љубљана.Констатацијата на ФИА е дека јавниот превоз во европските метрополи е солиден, но би можел да биде и многу подобар.
„Доколку сакате да ги уверите луѓето дека треба своите автомобили да ги остават дома, неопходно е да се има ефикасен јавен превоз“, изјави директорот на ФИА Вил Ботман. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

