Свет
МВР ќе ја истражува судската пресуда за милионска отштета на Арсов
Откако судот пресуди да му се исплатат еден милион евра на сопственикот на МВМ "Компани", сега градоначалник на Кисела Вода
Откако судот пресуди да му се исплатат еден милион евра на сопственикот на МВМ "Компани", сега градоначалник на Кисела Вода
КАТИЦА ЧАНГОВА НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА
Владата е во паника по судската пресуда во која граѓанинот Џорџе Арсов треба даиnbsp; добие близу милион евра оштета од Министерството за надворешни работи.иnbsp; Арсов ја доби судската парница, бидејќи во судската постапка докажа декаиnbsp; загубите штоиnbsp; неговата фабрика за топење олово ги претрпелаиnbsp; 1999 година се последица наиnbsp; воената криза во Косово, односно за време на бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО.
Џорџе Арсов, сега градоначалник на Општина Кисела Вода, докажа во многу редок и интересениnbsp; судски процес против државата дека сеиnbsp; можнииnbsp; наплатувања и на олкуиnbsp; високи побарувања.
Тоа е причината за вклучување на Министерството за внатрешни работи и на Јавното правобранителство во натамошниот тек од овој судски процес. По завчерашниот шок од сознанието дека граѓанин доби спор со државата на суд, Владатаиnbsp; му пристапи на проблемот многу посериозно отколку досега. Службите во извршната власт се обидуваат да ја стопираат исплатата на овие големи пари за граѓански процес, што би било, како што тврдат,иnbsp; силен удар врз националниот буџет.
Станува збор за извршното решение кое Владата го добила од Основниот суд Скопје 1, а со кое на Џорџе Арсов, кој во меѓувреме од стопанственик стана градоначалник на Општина Кисела Вода, Министерството за надворешни работи треба да му исплати 566.891,61 евро надомест на штета, плус уште толку за камати. И тоа поради загубите кои Арсов како сопственик на трговското претпријатие МВМ "Компани" ДОО Скопје претрпел големи загуби поради НАТО-бомбардирањетоиnbsp; на тогашна Југославија. Имено, граѓанинот Арсов повел судска парница затоа што неговиот производствен погон за топење акумулатори, кој се наоѓа на патот Скопје-Блаце, поради воените активности, не можел редовно да се снабдува со репроматеријали. Тоа биле причините зошто фабриката останала без работа и без добивка, а Арсов не можел да ги плати своите обврски спрема државата, банките, вработените.
Секторот за организиран криминал при МВР има одврзани раце од Владата да истражи дали постојат сериозни индиции за злоупотреби во целата постапка. Власта се сомнева дека целиот случај е напумпан. Според владини извори, Арсов давал лажни податоци, тврдејќи дека фабриката работи и дека тој наводно води бизнис, што за државата е апсолутна невистина. "Во случајот е ангажирано и Јавното правобранителство, кое во име на државата ќе бара заштита на нејзиниот имот", најави портпаролот на Владата, Сашо Чолаковски. Претставници од Катастарот и од странката која го доби спорот, во текот на денешниот ден треба да ги презентираат сите потребни документи до Правобранителството. Потоа, оваа институција ќе одлучи какви ќе бидат нејзините натамошни чекори.
"Барањето на Арсов е чиста ступидарија. Неговиот случај е многу сличен со уште еден што датира од истиот период, кога фармери го тужеа НАТО поради фактот што прелетувањето на авионите влијаело на сексуалниот живот на свињите, а дека пчелите, пак, заради вознемиреноста од звуците, не давале мед", велатиnbsp; владини извори инсистираат; да останат анонимни. Истите извори воиnbsp; Владата признаваат дека "случајот Арсов" е изведен максимално професионално, а тие; не реагирале правовремено. Мислејќи дека не претставува никаква опасност, владините служби биле небрежни, што го демантира епилогот – барање за голема отштета.
И додека во Владата растревожено бараат "чаре", во Кабинетот на градоначалникот на Кисела Вода не сакаат ништо посебно да коментираат. "Оваа судска партија е стара девет години и Арсов, кој ја почна како граѓанин, ќе ја води како граѓанин. Тој не сака да ја инволвира својата градоначалничка функција во случајот. Процесот не е завршен, а Арсов верува во судските органи", велат во Кабинетот на градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

