Свет
Лоби-групи се обидуваат да го турнат тендерот за пасоши
Комисијата за јавни набавки ги отфрла обвинувањата за несоодветен избор на фирма за изработка на новите документи
Комисијата за јавни набавки ги отфрла обвинувањата за несоодветен избор на фирма за изработка на новите документи
Лоби-групи пласираат дезинформации, повикувајќи се на експерти кои не постојат, обидувајќи се да турнат еден чист законски тендер, велат во МВР
ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА
Македонскиот пасош ќе содржи поликарбонат, кој тешко се раслојува. Патната исправа ќе биде речиси невозможно да се фалсификува, бидејќи во неа ќе биде инкорпориран највисокиот степен на заштита на три нивоа. МВР ќе набави нови машини кои ќе бидат оспособени да ги персонализираат документите со техника на ласерско гравирање. Машините за персонализација ќе бидат лоцирани во МВР и ќе биде од централизирана природа. Станува збор за комплетно нова опрема, а не за онаа која веќе ја одбил нашиот северен сосед Србија. Ова се појаснувањата од страна на МВР, кое вчера ги отфрли "шпекулациите и дезинформациите во јавноста", истакнувајќи дека се врши притисок врз Второстепената владина комисија која одлучува за жалбите на фирмите "Институто полиграфико", "Сименс бизнис-сервисис" и "Франсоа шарл обертур". Комисијата за јавни набавки пред два месеца 4одлучи новите документи да ги изработува германската фирма "Гисеке и Девриент", за цена од 23.400.000 евра. "Ова не е тендер за чорапи, ова е тендер за иднината на Македонија", рече портпаролот на МВР, Горан Павловски, потсетувајќи дека од новите патни исправи зависи и укинувањето на визниот режим за земјава. Според него, "лоби-групи намерно пласираат дезинформации, повикувајќи се на експерти што не постојат, обидувајќи се да турнат еден чист законски тендер". Во однос на информациите во јавноста за "одредени проценти или провизии" замени за дилот за пасошите, од МВР велат дека станува збор за забуна или за незнаење. "Сите понудувачи согласно со стандардите на Светска банка беа должни да ги декларираат во понудата нивните консултантски фирми кои им ја подготвиле тендерската документација и понудата, сумата и целта на провизијата. Провизијата е деловен однос меѓу понудувачот и консултантот и таа претставува трошок на понудувачот, а не на МВР, ниту, пак, е на товар на граѓаните", вели Живко Темелковски, претседател на Комисијата за јавни набавки. Тој информираше дека "ГиД" не е единствената фирма која набавила консултанти. Едно од поактуелните прашања во минатиот период беше дали составниот дел на пасошката книшка е поликарбонат или не. Од МВР се категорични дека станува збор за поликарбонат, што е потврдено со направените тестирања со помош на софистицирана опрема во земјава и во странство. Поликарбонатната страна, вели експертот Емилио Фришчиќ, не може да се раслојува, туку може да дојде само до целосно уништување на пасошот поради кршливоста на поликарбонатот. Поради тоа, практично ќе биде невозможно да се фалсификува македонскиот пасош, во кој ќе биде инкорпориран највисок степен на заштита на три нивоа: видливо со голо око, видливо со базичната опрема на граничните премини и невидливо ниво. Германската фирма што го доби тендерот за пасоши нуди чипот да биде вграден во поликарбонатот, што е најтешко и најбезбедно решение, велат во МВР. Македонија има современа опрема со која ќе може да го провери квалитетот на чипот, кој е од марката "Филипс", има 72 килобајта и ги има сите потребни сертификати. "Речиси сите фирми го понудија истиот чип. Тој е тестиран и докажан во практиката, велат во МВР, укажувајќи дека тој ги надминува барањата од европските акредитациски тела во однос на капацитетот на меморијата и можноста за надградување со биометриски обележја. Тој е застапен речиси во сите европски земји што поседуваат или претендираат да воведат електронски пасош. Во однос на гаранцијата за одржување на опремата, Комисијата информира дека сите фирми понудиле тригодишна гаранција, а постпродажниот сервис е десет години.
Понудата на германската фирма "Ги Д" го покрива сервисот во период од десет години, велат во МВР. Прашани во врска со разликата во техничките понуди на германската фирма "ГиД" и на "Хјулид и пакард", која го доби првиот тендер што беше поништен потоа, од МВР велат дека е речиси идентична. Разликата, објаснуваат тие, е само во делот на бесконтактната технологија, која не била поставена како услов во техничката спецификација на првиот тендер. Сите фирми ја содржат бесконтактната технологија, со што во меморијата на чипот ќе бидат вградени биометриски обележја: фотографијата, алфанумеричките податоци, машинско читливата зона, но чипот ќе содржи и отпечатоци од прстите. Македонските граѓани ќе добијат пасоши по европски стандарди, велат во МВР, објаснувајќи дека увидот кај странските фирми на самото место не е направен, бидејќи не било задолжително тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

