Свет
Газдите на маркетите против непосредните спогодби
Непосредните договори што ги практикува Владата нема да ја подобрат стерилната домашна економија, се согласија вчера поголемите трговци на состанок во Стопанската комора.
Непосредните договори што ги практикува Владата нема да ја подобрат стерилната домашна економија, се согласија вчера поголемите трговци на состанок во Стопанската комора. Нема позитивен економски ефект од тоа што Владата се договори со словенечки „Енгротуш“ да гради маркети во земјата. Нема да има нови вработувања, се создаваат нееднакви услови за стопанисување, а малите фирми може да пропаднат, рекоа бизнисмените. Тие, како што рекоа, не се против странските брендови, но бараат Владата за секоја продажба да распишува тендери.
– Каква е логиката на Владата да доделува земјиште за изградба на маркети и трговски центри на компании без за локациите јавно да наддаваат повеќе фирми. Во старт се создава нелојална конкуренција. Таков е сега случајот со „Енгротуш“. Од таа инвестиција Македонија нема да добие ништо. Тоа и не е инвестиција, парите се на банките – рече Владимир Тодоровиќ, сопственик на „Тинекс“.
Тој ја повика Владата да ги почитува препораките на Европската комисија, но и на повеќето домашни и странски експерти, кои укажуваат дека непосредното договарање не треба да се практикува. Бизнисмените предупредуваат дека така постои можност за создавање нови олигархии и за концентрирање капитал во мали групи бизниси.
– Нелогично прво е што Владата се обидува да донесе странски фирми. Па тие треба тука сами да доаѓаат. Проблемот е што во државава нема добра клима и сите добри инвеститори не заобиколуваат. Кој е „Енгротуш“? Синџир-маркети какви што кај нас се маркетите на „Тинекс“. Се разговара со нив, им се даваат одлични услови, без никаква потреба – рече Гоце Камчев, сопственик на „Каммаркет“.
Според трговците, изградбата на супермаркети не е крупна инвестиција. Велат дека Владата е очајна и во обид да ги подобри лошите економски резултати, може брзо се договори само со сопствениците на помали трговски центри од земјите во регионот.
А.К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Дигитал
Нов систем со вештачка интелигенција од Хонг Конг предвидува бури и обилни дождови четири часа однапред
Тим научници од Хонг Конг разви систем за временска прогноза наречен DDMS кој користи технологија на вештачка интелигенција (ВИ) за да предвиди бури и обилни дождови до четири часа пред да се случат.
Системот ќе им помогне на владите и службите за итни случаи поефикасно да реагираат на зголемената фреквенција на екстремни временски настани поврзани со климатските промени, изјави денес тим од Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг (HKUST).
„Се надеваме дека ќе можеме да користиме вештачка интелигенција и сателитски податоци за да го подобриме нашето предвидување на екстремните временски услови, за да можеме подобро да се подготвиме“, рече Су Хуи, професор на Одделот за градежно и еколошко инженерство на универзитетот, кој го водеше проектот.
„Целта на системот е да предвидува обилни дождови“, рече Су на прес-конференција.
Развиен во соработка со метеоролошките власти на Кина, системот ги ажурира своите предвидувања на секои 15 минути и има зголемена точност за повеќе од 15 проценти, потврди тимот.
Нивната работа е клучна за Хонг Конг и Кина, кои се соочија со надпросечен број тајфуни и дождови во 2025 година.
Градот го издаде своето највисоко предупредување за врнежи од дожд пет пати минатата година, а второто највисоко предупредување 16 пати, што е невидено ниво, рекоа метеоролошките власти на Хонг Конг, кои работат со Кина за да го применат новиот модел во нивните прогнози.
фото/Depositphotos
Свет
Демант од Братислава: Фицо ја негира приказната за „опасниот“ Трамп
Словачкиот премиер Роберт Фицо решително ги негираше наводите на пробриселскиот весник „Политико“ дека наводно изразил загриженост за менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат медиумите во регионот.
Фицо реагираше на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека тврдењата на овој медиум се неточни и злонамерни.
„Морам решително да ги отфрлам лагите на „Политико“ за тоа како ја оценив мојата средба со Трамп во Брисел“, рече словачкиот премиер.
Тој нагласи дека за време на неформалниот самит на Европската унија, одржан минатата недела во Брисел, воопшто не зборувал за разговорите со американскиот претседател, ниту пак разговарал за оваа тема со ниту еден лидер на земјите-членки на ЕУ. Според него, тврдењата дека им пренел лични впечатоци за Трамп на своите европски колеги се целосно неосновани.
Фицо оцени дека „Политико“ се обидува да ги поткопа конструктивните односи на Словачка со другите земји и дека, како што изјави, овој медиум е меѓу оние кои борбата за националните интереси и изразувањето на сопствените ставови го сметаат за „злосторство“. Додаде дека, поради ваквите ставови, често е цел на критики од редакцијата на овој весник.
„Политико“ денес, повикувајќи се на неименувани европски дипломати, објави дека Фицо наводно изразил загриженост за психолошката состојба на американскиот претседател на маргините на самитот во Брисел. Според овие изјави, по личната средба со Трамп на 17 јануари во неговиот имот Мар-а-Лаго, словачкиот премиер го опишал однесувањето на американскиот лидер како „опасно“ и „надвор од разумот“.
Свет
Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“.
Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа мора да се прилагоди на новите реалности, а „НАТО мора да стане “поевропски“ за да ја одржи својата сила“.
„Ризикот од целосно враќање кон политиката на принудна моќ, сфери на влијание и свет каде што моќта прави сè, е многу реален“, заклучи таа.

